Црква „Св. Никола“ - Бељаковце
Свети Никола | |
Воздушен поглед на селската црква во Бељаковце | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Кумановско-осоговска |
| Архијерејско намесништво | Кумановско-кратовско |
| Парохија | Клечовска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 42°6′2.6″N 21°56′25″E / 42.100722°N 21.94028°E |
| Место | Бељаковце |
| Општина | Куманово |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Никола |
| Изградба | 1605-1606 |
| Ктитор | презвитер Ѓурка |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабна |
Свети Никола (или Света Петка) — главна селска црква во кумановското село Бељаковце, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа во исклучително лоша состојба, целосно обрасната и покриена од вегетација.[3]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во Чифлачкото Маало, во стариот дел на Бељаковце, сместено на левиот брег на Крива Река. Покрај црквата се наоѓаат селските гробишта, како и зградата на училиштето, кое било подигнато пред крајот на отоманскиот период.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Според зачуваниот натпис, црквата е изградена и живописана во 1605 – 1606 г. од ктиторот, презвитер Ѓурка.[5][6]
Црквата била подновена во 1901 година.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Храмот претставува еднокорабна гробишна црква.[2] Истата била изградена од камен, а нејзиниот покрив бил од плочи.[4]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Дел од живописот е прекриен со подоцнежни слоеви.[2]
При обновувањето на црквата во 1901 година, бил нацртан и нов живопис, кој бил дел на Атанас Николов од Велес.
За ова сведочи натписот:
| „ | Въ 1901. го се понови овои хра- мъ ст҃ый Николае съ пожертвованіето на цѣлото село Белаковци. Епитропъ беше Младенъ Стоилковъ. Свѣщеникъ Алексїе Младеновъ Јулїи 10 Зографъ Атанасъ Николовъ изъ Велесъ |
“ |
Иконостас
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 56. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1311. ISBN 978-608-203-024-1.
- 1 2 Brko (2015-04-05). „Beljakovce (Beljakovtse) - St. Nicholas“. Journey Macedonia (англиски). Посетено на 2023-11-11.
- 1 2 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 186.
- ↑ Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 72.
- ↑ Крстиќ, Славица (2009). Црквата Св. Никола во Бељаковце, Музејски гласник, 10. Куманово: Музеј - Куманово.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола“ - Бељаковце на Ризницата ?


