Прејди на содржината

Црква „Св. Никола и Св. Ѓорѓи“ - Орах

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола и Свети Ѓорѓи

Предната фасада на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаКумановско-осоговска
Архијерејско намесништвоКумановско-кратовско
ПарохијаКарпинско-жегљанска
Местоположба

Карта

Координати42°10′01″N 21°57′33″E / 42.16694°N 21.95917°E / 42.16694; 21.95917
МестоОрах
ОпштинаСтаро Нагоричане
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Никола и Свети Ѓорѓи
ИзградбаXV – XVII век
Архитектонски опис
Стилпоствизантиски

Св. Никола и Св. Великомаченик Ѓорѓи или Двојна црква — поствизантиска православна црква во кумановското село Орах, Општина Старо Нагоричане. Му припаѓа на Кумановско-кратовското архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]

Царските двери на јужниот кораб, втора половина на XVI век.

Храмот е сместен во маалото Балијци. Претставува уникатна двојна црква посветена на двајца светци со два одделни влеза и две апсиди на исток. Двата кораба се засводени со полукружни сводови. Храмот датира од крајот на XVI или почетокот на XVII век. На северниот ѕид се насликани сцени од страданијата на Христос, а на јужниот се сцени од големите празници. Фреските во северниот кораб се постари, од времето на изградбата на црквата, а во јужниот се од 1873 г. Црквата има висок дрвен иконостас од 1893 г. Вратите на јужниот кораб се од втората половина на XVI век, дело на скопско-призренско ателје[2][3] и се единствениот зачуван дел од првичниот иконостас. Изработени се од оревово дрво и се хармонично копаничарско дело.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. „Double church dedicated to St. George and St Nicholas (Св.Ѓорѓија и Св.Никола) in village Suv Orah“. Where is Macedonia. Архивирано од изворникот на 2014-05-07. Посетено на 3 март 2014 г. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  3. Крстиќ, Славица. „ДВОЈНА ЦРКВА ВО СУВ ОРАХ, КУМАНОВСКО (СВ. ЃОРЃИ И СВ. НИКОЛА)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-07. Посетено на 3 април 2014.
  4. Машниќ, Мирјана М (2008 - 2009). „Три примероци на царски двери од кратовско-кумановскиот крај. (Уметничка вредност, конзерваторска презентација, постконзерваторски статус)“. Патримониум.мк. 2 (3–4, 5–6): 166. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]