Високо (Бајловце)
Високо — археолошко наоѓалиште во кумановското село Бајловце, Општина Старо Нагоричане. Претставува градиште од средниот век.
На западната страна, високо над селото, на едно зарамнето елипсовидно плато се гледаат остатоци од заштитен бедем речиси по целата негова должина. Во градиштето исто така се гледаат и остатоци од темели на објекти, а има фрагменти од керамички садови и множество расфрлен градежен материјал.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 205. ISBN 9989-649-28-6.