Прејди на содржината

На Брег (Младо Нагоричане)

Координати: 42°10′13″N 21°48′6″E / 42.17028° СГШ; 21.80167° ИГД / 42.17028; 21.80167
Од Википедија — слободната енциклопедија
На Брег

Карта

Местоположба 42°10′13″N 21°48′6″E / 42.17028° СГШ; 21.80167° ИГД / 42.17028; 21.80167
Основни податоци
Место Младо Нагоричане
Општина Старо Нагоричане
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

На Брег археолошко наоѓалиште крај кумановското село Младо Нагоричане. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на 16 км од Куманово, пред мостот на реката Пчиња. Теренот претставува широка тераса што се издига на левата страна од коритото на реката, која со современиот асфалтен пат е поделена на две половини. Во 1986 година Музејот на Македонија од Скопје извршил сондажно ископување при што се пронајдени остатоци од двослојна населба од средниот неолит. Постариот слој го карактеризираат монохромна сјајна керамика со црвена боја, сликана керамика со кафеава боја на црвена основа (пехари, амфори), садови со топчести облици и чинии со импресо-орнаменти. Што се однесува до помладиот слој, керамиката ги задржува истите облици и начин на украсување, со таа разлика што доминираат садовите со сива боја и биконусна профилација. Нему му припаѓаат и неколку фрагментирани жртвеници од типот „ масички “ со мал кружен или четвртест реципиент. Остатоците од архитектура во двата слоја, односно хоризонта на живеење, се сосема мали. Резултатите од ова истражување го потврдуваат мислењето за постоење на остатоци од поголема населба што хронолошки и културно се вклопува во анзабегово-вршничката културна група, и тоа во фазите II-III. Наодите се чуваат во Музејот во Куманово.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 214, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069