Плошка (Старо Нагоричане)
Плошка — археолошко наоѓалиште во кумановското село Старо Нагоричане. Наоѓалиштето претставува средновековна некропола. Во реонот на маалото Попчевци, десно од патот за Старо Нагоричане се среќаваат фрагменти од керамички садови, а била најдена и белезица од стаклена паста. Според кажувањето на мештаните, тука биле откриени повеќе гробови градени од камени плочи.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Бранчевица — населба од железното и римското време;
- Манастир Св. Ѓорѓија — осамен наод од римското време;
- Под Селото — населба од доцноантичкото време;
- Старо Нагоричане;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 223, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |