Петрково (Макреш)
Петрково — археолошко наоѓалиште во кумановското село Макреш, Општина Старо Нагоричане. Претставува некропола од римско време.
Во непосредната близина на Макрешки мост на реката Петрошница се откриени надгробен споменик со латински натпис и дел од голем надгробен споменик од бел мермер со старогрчки натпис. Првиот се чува во Народниот музеј во Куманово, а вториот во лапидариумот на Музејот на Македонија (во Куршумли-ан) во Скопје.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 213. ISBN 9989-649-28-6.