Гробишта (Војник)
„Гробишта“
| |
Местоположба | 42°9′35″N 21°52′17″E / 42.15972°N 21.87139°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Војник |
Општина | Старо Нагоричане |
Тип |
|
Период | железно време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Гробишта или Гробље — археолошко наоѓалиште во кумановското село Војник. Претставува тумул од железното време и средновековна некропола. На околу 500 м јужно од селото се наоѓаат денешните гробишта, сместени на зарамнета тераса што се издига над коритото на реката Пчиња, од левата страна. Во 1964/65 година мештаните, правејќи простор за трпеза, потребна за погребните обичаи, уништиле тумул што бил подигнат на работ на терасата. Поточно, отстранет е насипот повеќе од половина и зарамнет е до нивото на теренот. Со овие работи, според исказите на учесниците, веднаш под површината биле уништени гробови со инхумирани покојници директно закопани и без гробни конструкции, а во основата на централниот дел нашле керамичко сатче (урна) и украсни предмети од бронза (цевчиња од ѓердан и повеќе висулци во облик на двоен лабрис). Во 1966 година, Mузеjот од Куманово извршил заштитно ископување на преостанатиот дел од тумулот што овозможило да се одредат неговите приближни димензии (пречник од околу 15 м и височина од 2 м), а истовремено да се откријат 10 гроба со инхумирани покојници, директно закопани во насипот на тумулот, со насоченост запад-исток, без гробни прилози. Од неколкуте фрагменти од керамички садови најдени во насипот е пронајдено дека се работи за гробови од времето на доцното средновековие. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Куманово.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Петриково — населба и некропола од римското време;
- Војник;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 206, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од железно време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на тумул
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Војник (село)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Старо Нагоричане
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Кумановско