Ќурчиска Карпа (Младо Нагоричане)
Ќурчиска Карпа — археолошко наоѓалиште крај кумановското село Младо Нагоричане. Наоѓалиштето претставува населба од праисторија и од среден век. На околу 500 м јужно од патот Куманово - Крива Паланка, сметано од селските гробишта, се издига импозантна базалтна карпа, со плато издолжено кон исток. На површината се сре ќаваат многубројни фрагменти од керамички садови со различна временска и културна провиниенција, од праисторијата до средниот век. Населбата влегува во комплексот на наоѓалиштето Костоперска Карпа.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Среѓеница — средновековна населба и некропола;
- Грамада — некропола од римското време;
- Јумерово — вила рустика од римското време;
- Костоперска Карпа - Жеглиговски камен — Повеќеслојна населба;
- На Брег — населба од неолитското време;
- Поканци - Селце — средновековна населба;
- Ќурчиска Карпа — населба од праисториското време до средниот век;
- Шантанов Камен — средновековна населба;
- Младо Нагоричане;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 214, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од праисторија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Младо Нагоричане
- Археолошки наоѓалишта во Општина Старо Нагоричане
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Кумановско