Роса Пауновска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Роса Петкова Пауновска (с. Кокино, Кумановско, 1875 - Кокино, 1971) била македонска интерпретаторка на народни песни[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Пауновска е родена во кумановското село Кокино во 1875 година. Таа била ќерка на познатиот кокински војвода Петко, доселен од соседното с. Малотино. Не одела на училиште. Во својот живот никогаш не отпатувала подалеку од Куманово, каде што обично одела во пазарните денови[2]. Во нејзиниот репертоар се наоѓаат околу 250 народни песни од нејзиниот крај[3]. Магнетофонски записи од нејзиното пеење се депонирани во Архивата на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје, снимени од Симо Младеновски во 1969 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Еден редок песнопоец, „Народно стваралаштво“, св. 41–43, Београд, 1972, 243–248
  2. Од народната ризница, „Беседа“, I, 2, Куманово, ноември 1972, 225–227
  3. Народни песни од репертоарот на Роса Пауновска. „Беседа“, XI, 31–32, Куманово, ноември 1984, 61–67.