М’гленце
М’гленце | |
Координати 42°20′06.43″N 21°56′54.06″E / 42.3351194° СГШ; 21.9483500° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Козјачија |
Население | 14 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1302 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17063 |
Надм. вис. | 635 м |
М’гленце на општинската карта Атарот на М’гленце во рамките на општината | |
М’гленце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во М’гленце живееле 400 жители.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во М’гленце живееле 400 жители.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[4]
М’гленце, според намалувањето на бројот на населението, преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 329 жители, а во 1994 година 118 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото М’гленце живееле 84 жители, од кои 33 Македонци и 51 Србин.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, од кои 6 Срби и 8 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 400 | 400 | 206 | 366 | 329 | 303 | 206 | 137 | 118 | 84 | 14 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
[уреди | уреди извор]Според истражувањата од 1950 година, родови во селото:[11]
- Староседелци или доселеници со непознато потекло: Во минатото во селото постоела само една задружна куќа од која потекнуваат некои родови. Неа ја чинеле четири браќа. Стоилко, Бојко и Томо, додека потомците од четвртиот брат не се сочувани. Родови кои потекнуваат од браќата: Ќосинци или Стаменковци (4 к.), дедото Стаменко бил ќосав и затоа го добиле името; Луткинци (6 к.) потекнуваат од погоре споменатиот предок Стоилко. Го знаат следното родословие: Коле (жив на 70 г. во 1950 година) Стоша-Стоилко, основачот на родот; Илинци (4 к.) гранка се од родот Луткинци; Поповци (1 к.) потекнуваат од предокот Бојко; Стајчинци (3 к.) потомци се на некој од погоре споменатите браќа; Ковачевци (2 к.) гранка се од родот Стајчинци; Куртинци (1 к.) и они се гранка од Стајчинци; Станишлевци (9 к.) гранка се од родот Стајчинци; Марковци (2 к.) гранка на некој од погоре споменатите родови; Бирдоњци (1 к.) гранка се од родот Марковци. Имаат иселеници во Војводина; Пешинци (2 к.) гранка се од некој погоре спомнат род; Лазаровци (2 к.) исто така гранка од некој погоре спомнат род; Стојковци (1 к.) гранка се од родот Лазаровци.
- Доселеници: Гулаци (5 к.) доселени се однекаде. Биле грбави и затоа го добиле името, и денес во овој род има грбави луѓе; Грчки (3 к.) доселени се однекаде. Не знаат како го добиле името. Некои мислат дека потекнуваат од предок Влав. Во овој род порано бил познат некој предок Стаменко Грчки; Цоканци (1 к.) доселени се од селото Герман. Имаат иселеници во околината на Гнилане; Цацаре (3 к.) некој говорел Цацаре и по тоа го добиле името; Дервиш-Јован (1 к.) доселени се од соседното село Рајчевци. Таму припаѓале на родот Близанци. Имаат иселеници во Славујевце кај Прешево и во Војводина; Томиќи (1 к.) доселени се од селото Сурдул кај Врање.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Има многу иселеници од селото на територијата на денешна Србија. Јосифовиќи, Стошиќи, Дунгерини и Стојановиќи иселеници се во Трстени и Пољаници. Од 1878 година од селото се иселиле уште 14 семејства. Они преминале во Врање, јабланичкото село Кљајиќ, потоа во Жеглигово, прешевско, Горна Морава и во Параќин. Имало иселеници и во Војводина. Потоа едно семејство (Станислав) се иселило во кумановското село Ропалце. Јанковиќи се иселиле во Алиѓерце кај Прешево.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. етнография и статистика“. София, 1900, стр. 244.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 150-151.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 март 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Трифуноски, Јован (1964). Горна Пчиња. Белград. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)