Црква „Св. Петка“ - Младо Нагоричане
Света Петка | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Кумановско-осоговска |
| Архијерејско намесништво | Кумановско-кратовско |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 42°10′13.2″N 21°48′39.7″E / 42.170333°N 21.811028°E |
| Место | Младо Нагоричане |
| Општина | Старо Нагоричане |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Света Петка |
| Изградба | 17 век |
| Архитектонски опис | |
| Стил | поствизантиски стил |
Света Петка — црква во селото Младо Нагоричане, сместена на подножјето на Костоперска Карпа, од нејзината југоисточна страна.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во првата половина на 17 век, а нејзината внатрешност била живописана во 1628 година. Во 2003 година биле завршени зафати за заштита на живописот и архитектурата на црквата.[1] Во мај 2012 година, црквата била ограбена и од неа и од помошната просторија биле одземени ДВД-уред, засилувач со звучници, монети, зејтин и свеќи во вкупна вредност од околу 10.000 денари.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата е типичен претставник на црквите од поствизантиски период. Таа претставува еднокорабна градба со наос на североисточна страна, одвоен нартекс на западната страна и параклис на јужната страна. Градбата во целост е покриена е со двосливен покрив од ќерамиди. Карактеристично за црквата е што таа нема апсида на источната страна, со што претставува единствен пример во околината.[1]
Живописот во внатрешноста на црквата е доста оштетен. Сочувани се фрагменти од циклусот на Света Петка на јужниот ѕид на нартексот, во втората зона, над двете слепи архиволти, а низа од попрсја на маченици во цветни чашки се насликани во двете волути на архиволтите. Во внатрешноста на олтарот, односно во централната апсидна конха, на врвот е претставен ликот на Богородица Оранта. Овие фрески се многу избледени. Во проскомидијалната конха е насликан архиѓаконот Стефан во цел раст, но оваа фреска исто така е мошне избледена.[1]
Во дворот на црквата се наоѓа камбанаријата, помошна просторија и гробишта. Камбанаријата има квадратна основа и има примитивен облик, при што конструкцијата ја сочинуваат четири бетонски столба покриени со пирамидален кров од ќерамиди.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Црквата (десно) со камбанаријата (лево)
- Крст на фрагментот од циклусот на Света Петка
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Црква Св. Петка, село Младо Нагоричане, Старо Нагоричане Архивирано на 30 декември 2020 г.“. Дигитална култура за регионална кохезија.
- ↑ „Ограбени црквите во Младо Нагоричане — одземени пари, алати, опрема[мртва врска]“. Дневник. 26 мај 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Петка“ - Младо Нагоричане на Ризницата ?


