Мокро Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мокро Езеро
Длабочина 2 м
Надморска висина 935 м. м
Планина Козјак


Мокро Езеро (познато и како Карпинско Езеро) — природно езеро од вулканско-денудациско потекло на планината Козјак во близината на Карпинскиот манастир во североисточниот дел на Македонија. Езерото се наоѓа во атарот на селото Орах и е сместено во вдлабнатина - туф од вулканско потекло, на западните падини на планината Козјак, на надморска височина од 935 метри помеѓу ридовите Шаркова Корија (956 м) на запад и Манастирска Корија (1016 м) на исток, северно од Карпинскиот манастир. До самото езеро, кое е окружено со дабова корија, води широк шумски пат и обележана планинарска патека. Езерото има издолжен облик и се протега во правец север североисток - југ југозапад (ССИ-ЈЈЗ). Според кажувањата на мештаните, езерото се полни со вода од извор кој се наоѓал по површината на водата, а секако со вода се прихранува и со водите од атмосферско влијание односно врнежи од дожд и топење на снеговите. Езерото нема истека на водите.

Галерија[уреди | уреди извор]