А1 Македонија
А1 Македонија — македонско акционерско друштво од областа на телекомуникациите.
Историја
[уреди | уреди извор]Во октомври 2015 година официјално започнала со работа новото трговско друштво „Оне.Вип“ настанато со спојување на двата оператора „Оне“ и „Вип“. Притоа, во новата фирма, Телеком Австрија поседувала 55% од акциите, додека 45% биле во сопственост на Телеком Словенија.[1] Во 2019 година, името на „Оне.Вип“ било променето во „А1 Македонија“.
Организација и менаџмент
[уреди | уреди извор]Главни извршни директори на А1 Македонија биле:
- Методија Мирчев[2]
Активности
[уреди | уреди извор]„А1 Македонија“ нуди услуги во мобилната телефонија, фиксната телефонија, телевизијата и информациско-комуникациската технологија (A1 Cloud Mesaaging, виртуелниот приватен сервер A1 VPS, виртуелната клауд инфраструктура Exoscale, апликацијата за масовно испраќање СМС-пораки итн.). Исто така, во 2020 година, „А1 Македонија“ ги претставила првата виртуелна продавница на македонскиот пазар за мобилна телефонија - „А1 Лајв шоп“ (A1 Live Shop), како и „Славчо“, виртуелниот експерт заснован врз вештачка интелигенција.[2]