Сплетки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сплетки
250px
Лого
ЖанрСитком
Создадена одЏон Саливен
УлогиДејвид Џејсон
Николас Линдхерст
Ленард Пирс
Бастер Мерифилд
Роџер Лојд-Пак
Џон Чалис
Пол Барбер
Теса Пик-Џоунс
Гвинет Стронг
Патрик Мари
Земја на потеклоШаблон:Велика Британија
Првичен јазикАнглиски
Бр. на сезони7
Бр. на епизоди64
Продукција
Времетраење30-95 минути
Прикажување
Првична мрежаBBC 1
Првично прикажување15 септември, 1981 – 25 декември, 2003

Сплетки (англиски: Only Fools and Horses) е насловот на повеќегодишната и популарна британска телевизиска хумористична серија напишана од Џон Саливен, и емитувана на BBC. Седум сезони се емитувани помеѓу 1981 и 1991, а со повремени Божиќни специјални епизоди серијата трае до 2003.

Насловот на серијата е заснован на старата англиска поговорка "Only fools and horses work (for a living)" ("Само будалите и коњите работат за живот"), што е референца за избегнувањето на работата и данокот од страна на главните ликови. Насловната песна ја напишал и отпеал Џон Саливен. Во првата епизода е користена друга песна, но таа е заменета за да им се помогне на гледачите да го сфатат насловот на серијата.

Дејството е сместено во Пекам, Лондон. Главните улоги ги имаат Дејвид Џејсон како амбициозниот трговец Дерек "Дел Бој" Тротер, Николас Линдхерст како неговиот помлад брат Родни и Ленард Пирс како нивниот дедо во поодминати години (и подоцна Бастер Мерифилд како чичко Алберт). Во серијата има и повеќе одлични споредни улоги. Серијата го прикажува животот на браќата, со сите незгоди и успеси, особено нивните обиди да станат богати.

Серијата ја има накленоста како на јавноста, така и на критиката. Освоила повеќе награди, вклучувајќи признание од Британската академија, Национална телевизиска награда и Кралското телевизиско друштво, а истотака им помогнала на Саливен и Џејсон да освојат многубројни индивидуални признанија. На врвот на својата популарност, серијата имала 20 милиони гледачи само во Велика Британија. Избрана е за најдобра британска хумористична серија во една анкета на BBC во 2004. Исто така, имала влијание и на британската култура, придонесувајќи со неколку зборови во англискиот јазик и придонела во популаризацијата на комбето Reliant Regal. Повеќе производи произлегле од неа - книги, ДВД-а, играчки и друштвени игри. Наследникот на оваа серија е Зелената зелена трева (The Green Green Grass) и се емитува на BBC One.