Азбука за непослушните

Од Википедија — слободната енциклопедија
Азбука за непослушните
АвторВенко Андоновски
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрроман
ИздавачАнтолог
Издадена
1994
Медиумпечатено издание
Страници144 стр.

Азбука за непослушнитероман на македонскиот романсиер, драматург, поет, есеист, критичар и книжевен теоретичар Венко Андоновски, објавена во 1994 година.

За книгата[уреди | уреди извор]

Дејството на романот Азбука за непослушните е сместен во 863 година, во манастирот Полихрон на Олимп, пред заминувањето на Светите браќа во мисијата во Моравија. Приказната за послушните и непослушните ја раскажува, односно запишува, еден нем свештеник во манастирот. Андоновски поставува директни прашања до читателот, испитувајќи колку знае за себе, за својата историја, за Библијата, за митологијата и за фолклорот. Во исто време, тој создава „воскреснување на замрените букви“, кои со својот фиксиран правопис зборуваат за ликовно поимање на стварноста. Дешифрира архаични зборови/архаизми и ја реактуелизира глаголицата, создавајќи приказна зад секоја буква. Со овој роман Андоновски го плени читателот со свежа интерпретација на средниот век и просторот во кој живееме.[1]

Андоновски во романот алегорично го прикажа светот во кој живееме како убав и мистериозен ковчег во кој ги чуваме нашите тајни, скапоцености и спомени и често гордо им го покажуваме на сите; метафорично, човекот во ковчегот, веројатно како негова најголема вредност, оди во своето последно почивалиште.[2] Секое поглавје во романот започнува со писмо од феникиското писмо и развива приказна за судирот помеѓу доброто и злото. Времето во кое е сместена приказната е апокалиптично време: зборот, буквата, културата, сè е во криза и тоа е вистинската можност за крај на еден космички циклус и почеток на друг. Дали вредностите изградени до тој момент ќе пропаднат? Токму тоа се случи, злото преовладало, доброто занемело, убавината се повлекла пред брзината и алчноста, правдата пред неправдата, а неписменоста ја заменила писменоста. Азбуката за непослушните е роман во кој, спротивно на Библијата, идејата за послушност е демонска, а идејата за непослушност е божествена. Злото бара послушност. И тогаш се поставува прашањето што воопшто се променило од средниот век до денес.[3]

Изданија на други јазици[уреди | уреди извор]

Српското издание на книгата го објавила издавачката куќа Архипелаго од Белград во 2017 година во антологиското издание „100 словенски романи“, во превод на Мирослав Мрковиќ.[4][5]

На руски јазик книгата е објавена двапати.[6]

На хрватски јазик, во превод на македонистот Борислав Павловски, книгата ја издала издавачката куќа ТРИМ-прес во 2021 година.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Азбука за непослушните“. antolog.mk. Посетено на 9. 11. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Андоновски, Венко (2017). Азбука за непослушне. Београд: Архипелаг. стр. 117–119, унутрашња страна омотног листа. ISBN 978-86-523-0248-2.
  3. „AZBUKA ZA NEPOSLUŠNE“. tim-press.hr. Посетено на 9. 11. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „VENKO ANDONOVSKI“. arhipelag.rs. Посетено на 9. 11. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Азбука за непослушне / Венко Андоновски“. plus.cobiss.net. Посетено на 9. 11. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „„Азбука за непослушните" на Венко Андоновски по втор пат објавена на руски јазик“. Независен. 07.12.2022. Посетено на 08.07.2023. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. „Романот „Азбука за непослушните" од Венко Андоновски преведен на хрватски“. А1 он. 22.06.2021. Посетено на 8 јули 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]