Глигор Стојковски
Изглед
Глигор Стојковски | |
---|---|
Роден(а) | 7 август 1952 Волковија, Македонија |
Националност | Македонец |
Познат(а) по | поезија, новинарство, публицистика |
Глигор Стојковски (Волковија, 7 август 1952) — македонски поет, новинар, уредник, публицист.[1] Член на Друштвото на писателите на Македонија.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Филозофскиот факултет (Југословенски книжевности) го завршил во Скопје. Работел во „Нова Македонија“ (1976-1999) како новинар, уредник на Културната рубрика и уредник на додатокот „Лик“ (1985-1998), новинар во „Утрински весник“ (1999-2001), главен уредник (2001-2007) и извршен директор на „Култура“.[1]
Книжевно творештво
[уреди | уреди извор]Глигор Стојковски е автор на книгите[1]:
- „Починка во чисти честички“ (1979),
- „Пајак“ (1984),
- „Очно дно“ (1990),
- „Искрвавени мугри – како загина Кочо Рацин“ (1992),
- „Студена минута“ (1993),
- „Зад билката, молк“ (1995),
- „Земјата сама ќе се отвори“ (избор) (1996),
- „Заборавено око на небото“ (1997),
- „Капката оловна вода“ (избор) (2008).
Преведуван на англиски, италијански, романски, бугарски, српски и хрватски јазик.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Стојковски, Глигор“. Дигитална македонска енциклопедија. Архивирано од изворникот на 2022-08-10. Посетено на 10 август 2022.
- ↑ „Членови на ДПМ“. Друштво на писателите на Македонија. Посетено на 10 август 2022.