Зоран Пејковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зоран Пејковски
Занимањепоет, писател, театрилог
Државјанствомакедонско

Зоран Пејковски (Битола) — македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е и доцент од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје.

Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, во 2016 година од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/France) се стекнува со титулата Почесен амбасадор на мирот, во 2017 г, се стекнува со титулата редовен академик на Чувашката народна академија од Руската Федерација, а во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Неговите професионални почетоци во литературата започнуваат од 1987 година, кога за прв пат се одигра драмскиот текст „Атомско време“ надвор од Република Македонија, на алтернативните сцени во Црна Гора. Во меѓуврееме во Македонија работи како новинар. Зоран Пејковски живее и работи во Битола.

Дела[уреди | уреди извор]

Драмски дела[уреди | уреди извор]

  • „АТОМСКО ВРЕМЕ“ (трагедија, 1987, одиграна на алтернативните театарски сцени во Црна Гора);
  • „ПОСЛЕДНИОТ ЧИН НА КОМЕДИЈАТА НА СМРТТА“ (трагикомедија, 1994 г., во 11 сцени, одиграна во сезоната 1994 – 1995 на алтернативни театарски сцени во Македонија);
  • „ЉУБОВ НА ВЕРЕСИЈА“ (љубовно-еротска комедија 1999 г., во 16 сцени);
  • „ЗА ЖИВОТОТ, ЉУБОВТА И СМРТТА“ (одиграна во сезоната 2001-2002 на сцената на Народниот театар од Битола, а отпечатена 2011);
  • „ЗА ЖИВОТОТ, ЉУБОВТА И СМРТТА“ (аудио-монодрама, 2013);
  • „СОН“ (трагедија, 2013, во 24 слики);
  • „СИТЕ НАШИ КОДОШИ“ (македонска национална трагедија, 2014, во 11 сцени, претставена и одиграна од актерите на Народниот театар од Битола);
  • „САМУИЛОВО РАСПЕТИЕ“ (драмска пиеса во стих, 2014, во три сцени, со пролог и епилог);
  • „ХЕРУВИМИТЕ НА САМУИЛОВАТА КРУНА“ (сценско-драмски рецитал 2014, одигран од актерите на Народниот театар од Битола, по повод 1000-годишнината од смртта на цар Самуил во ракопис);
  • „СО ЉУБОВ КОН СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ (сценско – драмски рецитал, 2015, одигран од актерите на Народниот театар од Прилеп во ракопис);
  • „АПОСТОЛСКА ЧУДОТВОРНОСТ“ (драмска адаптација на драмата „Апостолска чудотворност“, 2016 – посветена на св. Климент Охридски, одиграна од актерите на Народниот театар од Прилеп, по повод 1.100 години од неговото упокојување во ракопис);
  • „ХЕРУВИМИТЕ НА САМУИЛОВАТА КРУГА“ (објавена во книга во 2016);
  • „ИЗБОР ДРАМИ – ТРАГЕДИИ“ (трагедии, 2016);
  • „СОВРШЕНСТВО ИЛИ СМРТ“ (драмска пиеса во стих во 6 сцени, со пролог и епилог, 2017 г., посветена на Григор Прличев, пишувана по повод 125- годишнината од неговата смрт – 1893-2018);
  • „ПОСЛЕДНИ ЧИН КОМЕДИЈЕ СМРТИ“ (трагикомедија во 11 сцени, на црногорки јазик која во сезоната 2017-2018 одиграна е на театарските сцени во Беране, Подгорица, Бјело Поле во Црна Гора, потоа во театарот „Славија“ во Белград и Центарот за култура во Трстеник, во Србија, а во 2018-та година одигран е во театарот „Бата Булиќ“ во Општината Петровац на Млави);
  • „РЕКВИЕМ ЗА ЉУБОВТА“ (драмска пиеса во стих во 5 сцени, со прилог и епилог, 2017, пишувана по повод 75-годишнината од холокаустот врз македонските Евреи 1943-2018);
  • „ЗА МАКЕДОНСКАТА БИБЛИЈА“ (сценско-драмски рецитал, 2017, кој ќе се одигра од глумците на Народниот театар од Прилеп, во ракопис);
  • „REQUIEM FOR LOVE“ (драма во стих, во 5 сцени, со пролог и епилог на англиски јазик, 2017, претставена во САД и објавена во книга);
  • „REKWIEM DLA MITOS’CI“ (драма во стих во 5 сцени, со пролог и епилог на полски јазик, 2018, претставена во Полска);
  • „РЕКВИЕМ ЗА СМРТТА“ (драмска пиеса во стих, во 18 сцени, со пролог и епилог, 2018, пишувана по повод 75-годишнината од убиството на Коста Рацин – 1943-2018);
  • „RECVIEMUL DRAGOSTEI“ (драма во стих во 5 сцени, со пролог и епилог на романски јазик, 2018, претставена во Романија и објавена во книга);
  • REQUIEM POUR L'AMOUR (драма во стих во 5 сцени, со пролог и епилог на француски јазик, 2018, претставена во Франција и Брисел во ракопис, во превод на Јордан Плевнеш);
  • „REKWIEM DLA MITOS’CI“ (драма во стих во 5 сцени, со пролог и епилог на полски јазик, 2019, објавена во Полска);
  • „МАЛИ ДЕТСКИ РАЗГОВОРИ“ (пиеса за деца во 4 сцени, 2019).
  • „НОЖ“ (драмски еп во седум сцени во два дела со пролог и епилог, 2022, претставена од актери од Народен театар-Битола и Драмски театар од Скопје);
  • „БАНИЦА 1903 - СТРАТЕГОТ НА МАКЕДОНСКИОТ УНИВЕРЗУМ“ (драмски ораториум во 14 сцени со пролог и епилог по повод 120 години од убиството на Гоце Делчев, 2023, претставен од актери од Народниот театар-Битола и Драмски театар од Скопје);

Поетски дела[уреди | уреди извор]

  • „ТЕСНО НЕБО“ (поезија, 1993);
  • „РЕЛИКВИЈА НА СВЕТЛИНАТА“ (поезија, 1996);
  • „ОБЛАК ВО ПАНТАЛОНИ“ (препев од руски на поемата на Владимир В. Мајаковски, 1997);
  • „RELIC OF THE LIGHT“ (поезија на англиски јазик, 1998);
  • „ФИЛОЗОФИЈА НА СМРТТА“ (поезија, 1999);
  • „СЕГА ЗНАМ“ (поезија, 2014);
  • „ДА НЕ МИ Е СОН“ (поезија, 2016);
  • „ЗЛАТНА ПРАШИНА“ (поезија, 2016);
  • „SA NU – MI FIE VIS“ (поезија на романски јазик, 2016);
  • „TA S-NUNJHIBA YIS“ (поезија на влашки јазик, 2016);
  • „МАКЕДОНСКИ СТАР И НОВ ЗАВЕТ“ (поема, 2017);
  • „ДА НЕ МИ Е СОН“ (поезија на француски, романски и влашки јазик, 2017);
  • „ЗДИВОТ НА СМРТТА“ (поезија, 2018);
  • „ОД ПРЕДЦИТЕ ЗА ПОТОМЦИТЕ ИЛИ ЗБРАТИМЕНИ ВО ИМЕТО НА СВОИТЕ ПРЕДЦИ“ (поема, 2019);
  • „ЗДИВОТ НА СМРТТА“ (аудио книга, стиховите ги говори актерот на Народниот театар - Битола, Борис Чоревски, 2019);
  • „ВОСТАНИЧКА ПРАВДА“ (поезија, 2019);
  • „ВОЗОВИ НА СМРТТА“ (поезија, 2020);
  • „ВРЕМЕ НА САМРАКОТ“ (поезија, 2020);
  • „ОСТРОВ ВО ОКОТО“ (поезија, 2020)
  • „СВЕТЛИНА“ (поезија,2021).
  • „СВЕТЛИНА“ (аудиокнига, стиховите ги говори актерот на Драмски театар-Скопје, Роберт Велјановски, 2021);
  • „ДАХ СМРТИ“ (поезија на хрватски јазик, 2021);
  • „УБАВИТЕ ЖЕНИ“ (поезија, 2022);
  • „БЕСКРАЈНО СВЕТЛА ТОЧКА“ (поезија, 2022);

Прозни дела[уреди | уреди извор]

  • „ГРАДОТ НА ЈУЖНОТО МОРЕ“ (роман, 2015);

Публицистика[уреди | уреди извор]

  • „ТЕАТАРОТ Е РИТАМ И СТИЛ“ (публицистика, 2002);
  • „ТЕАТАРОТ Е ФАБРИКА ЗА СОНИШТА“ (публицистика, 2012);
  • „ОД АМАТЕРИЗАМ ДО ПРОФЕСИОНАЛЕН ТЕАТАР“ (публицистика, посветена на Охридскиот театар,2020).

Дела од областа на наука[уреди | уреди извор]

  • „ДРАМАТА ВО СТИХ ВО МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР“ (учебник за студентите по драматургија, 2019);
  • „ПАТИШТАТА НА ДИЈАЛОГОТ ВО ТЕАТАРОТ ПРЕКУ КОНСТАНТИН СЕРГЕЕВИЧ СТАНИСЛАВСКИ И БЕРТОЛД БРЕХТ“ (учебник за студентите по драматургија, 2019);
  • „ХРВАТСКИТЕ ТЕАТАРСКИ АКТЕРИ И РЕЖИСЕРИ ШТО РАБОТЕЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА ОД 1913 - 1941 (2021);
  • „БЛАЖЕ КОНЕСКИ ПРИСУТЕН И ВО МАКЕДОНСКАТА ДРАМАТУРГИЈА“ (2021);
  • Дел од книжевната и научната мисла
  • „ПОЕЗИЈА И КОМУНИКАЦИЈА“ (труд за значењето на поезијата како средство за комуникација);
  • „БЕСЕДА ЗА ЕДНА СИЛНА ИНСПИРАЦИЈА (труд посветен на Петре М. Андреевски);
  • „ДРАМСКИТЕ ПОГЛЕДИ НА ЛИКОВИТЕ КОИ СТРАДААТ“ (труд кон театарските ликови кои страдаат на сцената);
  • „НОВ АЛЕКСАНДРИТ ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЕЗИЈА“ (труд кон поемата „Еригон од Александар Кукулев);
  • „ПРЕКУ МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА СКАЗНА ОД МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА“ (труд кон книгата „Народни сказни од Долни Дримкол“ од Петко Домазетовски“);
  • „ТЕАТАРОТ Е ЖИВ“ (труд по повод 70-годишнината на Народниот театар од Битола);
  • „ДОН КИХОТ – ВИТЕЗОТ СО ТАЖЕН ЛИК“ (труд кон претставата „Дон Кихот од Ла Манча“);
  • „МАГИЧНАТА СЦЕНА НА НАРОДНИОТ ТЕАТАР ОД БИТОЛА ГИ ВООДУШЕВИ БИТОЛЧАНИ“ (труд кон сценско-музичкиот настан „Музиката и ние“);
  • „ЧЕХОВАТА „ВИШНОВА ГРАДИНА“ НОВ РЕЖИСЕРСКИ ПОТПИС НА ЗВЕДАНА АНГЕЛОВСКА“ (труд кон претставата „Вишнова градина“);
  • „МИЛЕРОВАТА „МЕДЕЈА“ ПРЕДИЗВИКА СИЛНА ЕКСПРЕСИЈА КАЈ БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА (труд кон претставата „Медеја“);
  • „MENDACE VERITAS ИЛИ БАРОНОТ МИНХАУЗЕН БЕШЕ ВО ПРАВО“ (труд кон претставата „Вистинскиот Минхаузен“);
  • „ЈАНЕ ЗАДРОГАЗ“ – АЛУЗИВНА ПРЕТСТАВА НА СЕГАШНОСТА“ (труд кон претставата „Јане Задрогаз“);
  • „МАКЕДОНСКАТА ТРАГЕДИЈА ПРЕКУ ОЧИТЕ НА НЕНАД ВИТАНОВ“ (труд кон претставата „Лет во место“);
  • „ШЕКСПИРОВСКИ, А, СЕПАК, МАКЕДОНСКИ! ИЛИ ПРИКАЗНА ЗА КРУНАТА“ (труд кон претставата „Хенри Шести“ – трет дел);
  • „ПРИКАЗНА ЗА ХАОСОТ И ПО 205 ГОДИНИ“ (труд кон претставата „Травничка хроника“);
  • „ХАМЛЕТ МАШИНА НА СЦЕНАТА НА НАРОДНИОТ ТЕАТАР ОД БИТОЛА“ (труд кон претставата „Хамлетмашина“);
  • „ПРЕТСТАВА ЗА СЕПРИСУТНОТО ЛИЦЕМЕРИЕ“ (труд кон претставата „Тартиф“);
  • „ЖЕНСКИОТ ХАМЛЕТ НА СЦЕНАТА НА БИТОЛСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР“ (труд кон претставата „Хеда Габлер“);
  • „КАДЕ Е УМЕТНОСТА ВО „ЗА ДОМОТ СЕ РАБОТИ“?! (труд кон претставата „За домот се работи“);
  • „ЦРВЕНКАТА“ (труд кон претставата за хармонијата каква што ја сакаат децата);
  • „БУГАРСКИ РЕЖИСЕРИ НА СЦЕНАТА НА НАРОДНИОТ ТЕАТАР ОД БИТОЛА“;
  • „ВЛИЈАНИЕТО НА ТВОРЕШТВОТО НА ПЕТАР КАНАВЕЛИЌ ВРЗ ТВОРЕШТВОТО НА МАКЕДОНСКИ АВТОРИ“;
  • „ИТАЛИЈАНСКИ ДРАМСКИ АВТОРИ ПРИКАЖАНИ ВО БИТОЛА.

Награди[уреди | уреди извор]

  • „За серија информации во популаризација на книгата“ на Културно-просветната заедница на Македонија, во 1992 г; наградата „Празник на липите“, во 2012 г., од Друштвото на писателите на Македонија, на Меѓународната книжевна манифестација за песната „Завештание“ посветена на поетесата Светлана Христова-Јоциќ; наградата „Медијала“ на „Македонија презент“ за збирката песни „Сега знам“; наградата „4-ти Ноември“ на Општината Битола, за книжевност и литература, за 2014 година, за драмскиот текст „Сите наши кодоши“ и збирката песни „Сега знам“; наградата „Јован Котевски“ за збирката песни „Златна прашина“, (2016); наградата „ЕРГО СУМ“ за популаризација и афирмација на театарскиот израз, (2016); наградата „Прозни мајстори“ за романот „Градот на Јужното море“, (2016); наградата „Св. Климент Охридски“ за придонес во литературата и културата (од НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола, (2016); наградата „Григор Прличев“ за најдобра необјавена поема на македонски јазик, за поемата „Македонски Стар и Нов Завет“ (2017); Признание за најдобар автор претставен пред велешката публика (од Библиотеката во Велес); наградата „Орфеј“ за збирката песни „Здивот на смртта“ (2018); наградата Книжевен круг за поезија“ за збирката песни „Востаничка правда“ (2019); наградата за најдобра книга за деца и млади „Ванчо Николевски“ за пиесата за деца „Мали детски разговори“ доделена од Друштвото на писателите на Македонија (2020); наградата „Кристална коцка“, (2020) од МНД-Битола во рамките на своето 60-годишно постоење; наградата „Празник на липите“ за песната „Сончевата страна на сенките“ од Друштвото на писателите на Македонија (2020); наградата „Антев златник“ за збирката песни „Остров во окото“, а наградата ја доделува Меѓународната поетско - културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо“ (2020); Признание за афирмација и популаризација на ликот и делото на Ацо Шопов (по повод 40-годишнината од неговата смрт, од НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ од Штип, 2022); наградата „Ацо Шопов“ доделена од Друштвото на писателите на Македонија за збирката песни „Убавите жени“, (2023);
  • 2022 - награда „Ацо Шопов“ за „Убавите жени“[1]


Странски награди и признанија


Во 2016 година, од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/France) назначен за почесен амбасадор на мирот;

Во 2017 г. член на Друштвото на светските поети (Poetas delmundo), со седиште во Чиле;

Во 2017 г. од академикот на Чувашката народна академија, од претседателот Е. Е. Ерагин ја добива Меѓународната награда Почесен сребрен медал „Елтебер“;

Во 2017 г, редовен академик на Чувашката народна академија;

Во 2018, по втор пат прогласен со научно звање Чувашки народен академик, како почесен народен академик на Чувашката народна академија;

Во 2018 г. ја добива меѓународната книжевна награда Петар Канавелиќ, која ја доделува Хрватското книжевно друштво;

Во 2018 г. ја добива Меѓународната книжевна награда за литература Клеменс Јаницки од Полска;

Во 2018 г., ја добива наградата Европски медал за поезија и уметност „Хомер“ доделена од Номинациската комора за награди од Брисел, при Европската Унија;

Во 2018 г, Министерството за култура на Република Украина му ја доделува Грамотата - Наградата од Украинскиот фонд за култура од Киев, при што му е доделен и Медалот на оваа висока меѓународна награда,

Во септември 2018 г, примен за почесен член на Сојузот на писателите на Република Украина, добивајќи ја и наградата од Сојузот на писателите на Украина Грамота - награда за литературна критика и посебен придонес во светската литература.

Во септември 2018 г од Сојузот на писателите на Република Украина го добива, златниот медал „Почесна видзнака“;

Во 2022 година- светската книжевна награда „Naji Naaman Merit Prize 2022 (Lebanon)“ - Creativity prizes (награда за креативност);

Во 2022 година - Благодарницата од Меѓународниот театарски фестивал „Театар на раскршћу“ („Театар на крстопат“) за ангажираноста на 3. театарски фестивал на Балканскиот културен простор и за афирмација на сличностите и разликите на културниот идентитет на државите и народите кои го делат истиот крастопат на европските и светските патишта во предизвиците и перспективите на современиот театар од Народниот театар – Ниш.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Зоран Пејковски ja доби наградата „Ацо Шопов" на ДПМ за 2022“. Независен. 07.02.2023. Посетено на 12 февруари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)