Даниела Андоновска-Трајковска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Даниела Андоновска-Трајковска
Занимањепрофесор
Националностмакедонка
Државјанствомакедонско
ОбразованиеПедагошки факултет, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
ПредметМетодика
Книжевно движењеМакедонска книжевност


Даниела Андоновска-Трајковска (3 февруари 1979, Битола) — поет, прозаист, книжевен критичар, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор по методика на Педагошкиот факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Биографија[уреди | уреди извор]

Дипломирала на Факултетот за учители и воспитувачи во Битола во 2001 година, како најдобар студент на генерацијата, магистрирала на тема „Методски постапки за поттикнување на поетското творештво во одделенската настава“ (2006 год.), а докторирала на тема „Методичко моделирање на развојот на критичката писменост како општообразовна компетентност“ на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (2010 год.).

Акредитиран ментор е на магистерски и докторски студии[1], а има објавено стотина стручни и научни трудови во референтни меѓународни публикации, учесник во значајни меѓународни образовни и научни проекти и национален обучувач за наставници (од 2010 до денес), предавала заедно со универзитетските професори Робин Меккорд (Robin McCord) од Чендлер, Аризона, САД (Chandler, Arizona (USA)) и Хуан Хозе Варела Тембра (Juan Jose Varela Tembra) од Сантјаго де Компостела, Шпанија (Santiago de Compostela, Spain) по следниве предмети: Образовна методологија (Educational Methodologies) (2005 and 2006) и Рани детски искуства по јазични уметности (Early Childhood Experiences in Language Arts) (2007 and 2008) на Меѓународниот летен Универзитет, SPARK, поранешна ATA (Academic Training Association) со седиште во Амстердам, Холандија.

Орестојувала на повеќе студиски престои во странство и учествувала на бројни меѓународни конференции. Коосновач е на Универзитетскиот литературен клуб Дениција ПФБТ УКЛО, а иницијатор е и за создавањето на Центарот за литература, уметност, култура, ораторство и јазик на Педагошкиот факултет – Битола каде активно работи на проекти од областа на книжевноста.

Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), на Славјанската литературна и уметничка академија со седиште во Варна и на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ (БКК). Член е и на Македонското научно друштво (МНД) – Битола, каде во два мандати била претседател на Уредувачкиот совет. Сега е дел од управниот одбор на Друштвото како претставник од одделението за лингвистика и литература. Главен уредник е на списанијата „Раст“ (Битолски книжевен круг) и „Современи дијалози“ (Македонско научно друштво-Битола, на циклусот поетски збирки со наслов „Збор во зборот“ и на неколку монографии. Поезијата ѝ е преведена на повеќе светски јазици и е објавена во реномирани книжевни списанија во земјата и странство.

Награди[уреди | уреди извор]

Добитник е на:

  • меѓународна награда Носиде, Италија за поезија (2011);
  • награда од Друштвото на писатели на Македонија за најдобра необјавена песна на Празник на липите (2018);
  • „Крсте Чачански“ за проза;
  • Националната награда Караманов 2019 за поезија (за „Електронска крв“)
  • Македонска книжевна авангарда што ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје (2020) за книгата „Куќа на контрасти“[2]
  • Abduvali Qutbiddin што ја доделува книжевното списание “Book World” од Узбекистан во 2020 гидина
  • „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга објавена во 2020 што го доделува Друштвото на писатели на Македонија за поетската книга „Математичка поезија“[3]

Дела[уреди | уреди извор]

Поезија:

  • „Збор за зборот“ (со Златко Жоглев и Гордана Стојаноска, Скопје: Матица, 2014);
  • „Поема за маргините“ (со Гордана Стојаноска, Битола: Македонско научно друштво, 2015);
  • „Црна точка“ (Битола: Друштво на писатели Битолски книжевен круг, 2017);
  • „Стапалки“ (Битола: Македонско научно друштво, 2017);
  • „Три“ (Скопје: Современост, 2019);
  • „Куќа на контрасти“ (Скопје: Матица, 2019);
  • „Електронска крв“ (Радовиш: Центар за култура „Ацо Караманов“, 2019);
  • „Математичка поезија“ (Скопје: Центар за култура и културолошки студии, 2020)

Проза:

  • „Кафе, чај и црвено небо“ (Струга: Бран, 2019)

Други дела

  • песнарка за деца (во коавторство со Весна Мундишевска-Велјановска): Сообраќајна песнарка (Скопје: Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, 2019;
  • Водство во образованието (во коавторство со проф. д-р Сузана Миовска и проф. д-р Насир Селими, Амстердам: Школа за менаџмент во образованието и Скопје: Филозофски факултет, 2013);
  • Водство во образованието: прирачник за обучување водачи во образованието (во коавторство со проф. д-р Сузана Миовска, Амстердам: Школа за менаџмент во образованието и Скопје: Филозофски факултет, 2013);


  • „Критичка писменост“ (Битола: Универзитет „Св. Климент Охридски“, Педагошки факултет-Битола, 2019).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2021-06-14. Посетено на 2021-06-14.
  2. https://www.mkd.mk/kultura/knizhevnost/daniela-andonovska-trajkovska-mitko-gogov-i-gabriela-stojanoska-stanoeska
  3. https://setaliste.com.mk/zivot/intervju//