Михајло Свидерски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Михајло Свидерски (1991, Битола) — македонски писател.

Животопис[уреди | уреди извор]

Свидерски е роден во 1991 година во Битола. Средното образование го завршил во Охајо, САД. Дипломира и магистрира на Универзитетот „Св. Кирил Методиј “ во Скопје.

Творештво[уреди | уреди извор]

За време на средношколските денови во САД, Свидерски се вклучил во американските младински поетски кругови за што бил и наградуван. Во 2008 година ја обавил збирката песни „Жетва на душата“. Во 2011 година, Свидерски бил застапен во антологијата на современата македонска поезија „Гласови“ (Φωνές), објавена на грчки јазик. Во 2012 година излегла неговата втора поетска збирка „Низ сонот од магли и дождови“, која во 2013 година била објавена во Плевен, Бугарија. Во 2014 година, Свидерски го објавил првото прозно дело, кусиот роман „Бело и црвено“ за кој ја добил наградата „Новите!“, а романот бил објавен од издавачката куќа „Темплум“. Во 2016 година, Бело и Црвено е преведен на бугарски, во издание на издавачката куќа Изида од Софија.

Во 2017 година во издание на издавачката куќа Восток, Свидерски ја објавува поетската збирка Ѕвезди што спијат.

Во 2019 година во издание на Или-Или го издава романот „Последните денови на Ханс[1]“. Романот влегува во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2019 година, и е номиниран за Наградата за литература на Европската Унија (EUPL) European Union Prize for Literature за 2020 година.[2]

Во 2020 година ја објавува поетската збирка „Граници“ во издание на издавачката куќа Восток за што ја добива наградата "Антев златник" на меѓународната манифестација "Антево слово" во чест на поетот Анте Поповски.[3]

Во 2022 година во издание на Восток, го издава романот „Синовите на Адам“.[4]

Учествувал на повеќе поетски фестивали и читања, застапен е во домашни и странски книжевни списанија, антологии и зборници. Член е на ДПМ.

Поезијата на Свидерски е застапена во повеќе литературни списанија во Македонија и во странство. Неговите песни се преведени на англиски, бугарски, руски, грчки, српски, албански и унгарски јазик. Исто така, тој се занимава и со преведување поезија од англиски, српски, хрватски, босански и бугарски јазик.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Свидерски, Михајло (2019). Последните денови на Ханс. Skopje: ИЛИ-ИЛИ. ISBN 9786082610108. OCLC 1108329641.
  2. „Home Page | EU Prize for Literature“. www.euprizeliterature.eu. Посетено на 2022-03-10.
  3. Свидерски, Михајло (2020). Граници. Битола: ВОСТОК. стр. 46. ISBN 978-608-4885-41-2.
  4. Свидерски, Михајло (2022). Синовите на Адам. Битола: Восток. ISBN 978-608-4885-57-3.
  5. Михајло Свидерски, Бело и црвено. Скопје: Темплум, 2014.