Бело и црвено

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бело и црвено  
АвторМихајло Свидерски
Наслов на
оригиналот
Бело и црвено
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
ИздавачТемплум
Издадена2014
Страници85
ISBNISBN 978-608-4658-40-5

Бело и црвено — краток роман од македонскиот писател Михајло Свидерски, објавен во 2014 година, во издание на издавачката куќа „Темплум“. За неа, авторот ја добил наградата „Новите!“ за 2014 година, која ја доделува „Темплум“.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Збирката е објавена во едицијата „Катапулт“. Таа е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 85 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-40-5. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. На кориците се наоѓаат слики на Едвард дел Росарио, а на задната корица се дадени основни биографски податоци за авторот. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка од Комерцијална банка АД Скопје и од Министерството за култура на Македонија.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Романот се состои од десет поглавја:[2]


Во романот се раскажува за животот на Тихон Кирилович Василев од 1917 до 1951 година. Во 1917 година, Тихон, сè уште дете, ги доживува бурните настани поврзани со револуцијата, кога народот се крева против царската власт. Тој живее во богато аристократско семејство, кое не може да го предвиди пресвртот што набргу ќе уследи. Еден ден, Тихон е сведок на кавгата што се случува во неговиот дом помеѓу татко му и професорот Борис Тихрович, комунист по убедување. Едно ноемвриско утро, во неговиот дом влегуваат комунистите, кои ја уништуваат куќата, а неговото семејство го затвораат во една фабричка хала. Таму, набрзина спроведуваат судење во кое главен сведок е професорот Тихрович, а татко му на Тихон е осуден на смрт. Тогаш, во Тихон се раѓа голема омраза кон комунистите и лично кон Тихрович. Кога семејството на Тихон се враќа во разрушениот дом, тој ги пронаоѓа белешките на татко му, дознавајќи дека тој ги прогонувал комунистите.

Еден ден, семејството на Тихон мора итно да го напушти Петроград и тие одат во Киев, каде живеат во тешка сиромаштија. Тихон станува сведок на ужасот на војната и открива дека припадниците на Белата гарда се исто толку свирепи, колку и комунистите. Таму, Тихон се спријателува со момчето Никита и се вљубува во англичанката Маргарет со која одржува редовни љубовни средби. По некое време, Никита е регрутиран од Белата гарда и поминува еден месец на фронтот од каде што се враќа со рана во главата и со психички проблеми. Маргарет и сопругот го напуштаат Киев и таа ладнокрвно се разделува од Тихон.

Притиснати од Црвената армија, припадниците на Белата гарда и аристократијата се повлекуваат на Крим, каде што пребегнува и семејството на Тихон. Во меѓувреме, тој и брат му се мобилизирани и Тихон има прилика лично да присуствува на ѕверствата на Белата гарда, заклучувајаќи дека војната подеднакво ги расипува сите луѓе. Во меѓувреме, умира неговата мајка, а тој со свои очи го гледа погубувањето на брат му од страна на Црвената армија. Кога комунистите навлегуваат во градот, Тихон се пробива на плоштадот каде го здогледува професорот Борис Тихрович како држи говор пред народот. Притоа, тој го убива професорот и така се одмаздува за убиството на својот татко. Бидејќи Црвената армија целоно го освојува Крим, приврзаниците на Белага гарда мора да ја напуштат Русија и Тихон и сосетката Валерија (која цело време живее со неговото семејство) се качуваат на брод и заминуваат во Истанбул.

Од Истанбул, Тихон и Валерија се доселуваат во Битола, каде тој се жени со Марија со која има две деца - синот Владимир и ќерката Татјана. Во 1950 година, неговиот син кој е заслепен комунист, го накодошува кај власта и Тихон е затворен како информбировец. Дознавајќи дека е предаден од сопствениот син, тој е целосно психички скршен. Поминува неколку месеци во затвор, а по судењето, тој ја отслужува казната на Голи Оток.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Михајло Свидерски, Бело и црвено, Темплум, Скопје, 2014.
  2. Михајло Свидерски, Бело и црвено, Темплум, Скопје, 2014.