Награда „Антев златник“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Споменикот на Анте Поповски во Лазарополе

Награда „Антев златник“ – награда за необјавена поетска книга на македонски јазик. Воспоставена во чест на поетот Анте Поповски.

Награда[уреди | уреди извор]

Наградата ја доделува Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ и се состои за златник со ликот на поетот Анте Поповски. Истата се доделува секогаш кога комисијата ќе констатира висок квалитет на пристигнатите ракописи, а бројот на добитниците е максимално двајца во една година. Добитниците на оваа награда, како и добитникот на „Антево перо“ имаат рамноправен статус на ексклузивни учесници на манифестацијата.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Наградата „Антев златник“ била востановена во 2019 година за необјавена поетска книга (поетски ракопис) имајќи ја предвид извонредно квалитетната поетска продукција пристигната на конкурсот за наградата „Антево перо“. Нејзини први добитници биле поетите Михајло Свидерски и Сузана В. Спасовска.[1]

Досегашни добитници[уреди | уреди извор]

Година Добитник Книга поезија
2019[1] Михајло Свидерски
Сузана В. Спасовска
Граници
Јазикот на светлината

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Наградата Антево перо за Александра Димитрова на семрежното место на Република