Роман на годината (Македонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Роман на годината е годишна литературна награда што ја доделувал весникот „Утрински весник“, а потоа и фондацијата „Славко Јаневски“ за роман објавен во Македонија.

За наградата одлучува петчлена жири-комисија, која е составена од минатогодишниот лауреат, претставници на фондацијата и други. Често помеѓу членовите на жири-комисијата се вбројуваат и автори кои не се романсиери или книжевни критичари.

По згаснувањето на весникот во 2017 година, конкурсот го распишува и наградата почнува да ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, формирана во ноември 2017 г. од страна на новинари и уредници во некогашниот „Утрински весник“.

Добитници на наградата (Роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“)[уреди | уреди извор]

Добитници на наградата (Роман на годината на „Утрински весник“)[уреди | уреди извор]

Контроверзи[уреди | уреди извор]

Во последните години некои од книжевните критичари забележуваат недоречености околу критериумите за доделувањето на наградата „Роман на годината“.[6] Овде особено паѓа во очи критериумот за должината на романот како прозна форма. Во меѓународни рамки, романот е определен како прозно дело составено од најмалку 40 000 зборови.[7] Некои светски асоцијации и критичари ја ставаат долната граница на романот на 50.000,[8] 60.000 зборови и повеќе.[9] Сепак, некои од романите, како на пример, романите „Единаесет жени“, „Телото во кое треба да се живее“, Собирачи на пепел“ од младите автори Снежана Младеновска-Анѓелков, Петар Андоновски и Давор Стојановски наградени со ова признание, според својот обем спаѓаат во рамките на жанрот новела (помалку од 40.000 зборови)[10] определен согласно меѓународните стандарди за овие прозни форми.[11][12][13]

Постојат и бројни забелешки од книжевните критичари околу критериумите за доделувањето на наградата во поново време, особено со оглед на фактот дека неколку години по ред книгите-добитници на наградата беа во издание на издавачката куќа „Или-или“, дела од релативно понови авторски, дури и дебитантски имиња, како на пример романот „Единаесет жени“ од Снежана Младеновска-Анѓелков. Со оглед дека праксата наложува претседател на жири-комисијата да е лауреатот од претходната година, во книжевните кругови постојат сомнежи за можно циркуларно доделување на оваа награда[14].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Влада Урошевиќ е добитник на „Златен венец" на СВП за 2023“. Либертас. 21.03.2023. Посетено на 22 март 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „„Скриени желби, немирни патувања" на Владимир Јанковски е роман на годината за 2020“. Независен весник. 15 март 2021. Посетено на 16 март 2021.
  3. https://sdk.mk/index.php/kultura/nekoj-bil-tuka-na-andova-shopova-e-roman-na-godinata-za-2018/
  4. Фросина Пармаковска добитник на наградата „Роман на годината“ за 2017 година
  5. „Луан Старова ја доби наградата за „Роман на годината“, Дневник, година XIX, број 5754, сабота, 30 април 2015, стр. 23.
  6. „„ЕДИНАЕСЕТ ЖЕНИ" ОД СНЕЖАНА МЛАДЕНОВСКА – АНЃЕЛКОВ“. Офф.нет. 23 март 2012.
  7. „Awards FAQ“. sfwa.org. 9 декември 2018. Архивирано од изворникот на 2009-03-19.
  8. „https://d1lj9l30x2igqs.cloudfront.net/nano-2013/files/2018/09/Press-Release-2018.pdf“. National Novel Writing Month. 21 септември 2018. Надворешна врска во |title= (help)
  9. „Agents give writers the book on what's hot and what's not“. Austin American-Statesman. 3 август 1997.
  10. „Novella“. Wikipedia. 20 јануари 2019.
  11. „Nebula Rules“. Nebula Awards.
  12. „2019 RITA Contest Rules“. Romance Writers of America. 2019. Архивирано од изворникот на 2019-05-07.
  13. „Hugo Award Categories“. The Hugo Awards.
  14. Јакимовска, Илина (23 март 2012). „„ЕДИНАЕСЕТ ЖЕНИ" ОД СНЕЖАНА МЛАДЕНОВСКА – АНЃЕЛКОВ“. Офф.нет.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]