Прејди на содржината

Семантика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Diagram of the relation between word, object, and thought
Централна тема во семантиката се однесува на односот помеѓу јазикот, светот и менталните концепти.

Семантиката — дел од лингвистиката што се занимава со значењето на зборовите и нивната функција во реченицата. Генерално гледано, семантиката е гранка на лингвистиката која го проучува означеното. Зборот семантика бил измислен кон крајот на XIX век од страна на францускиот јазичар Мишел Бреал, авторот на првиот семантички трактат.

Семантиката има повеќе предмети на проучување :

Терминот семантика се користи како спротивност на изразот синтакса во проучувањето на програмските јазици во информатиката, заради која таа беше развиена на формален начин (види семантика на програмските јазици). Меѓу семантиката и синтаксата постои истиот однос како меѓу основата и формата.