На поетот (Коле Неделковски)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„На поетот“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски, дел од поетската збирка „Пеш по светот“, објавена во 1941 година, во Софија.

Осврт кон поемата[уреди | уреди извор]

Во оваа песна, Неделковски обработува мотив кој бил популарен кај социјалните поети од неговото време — социјалната мисија на поетот. Сепак, неговиот поетски израз далеку заостанува зад оној на истакнатите социјални поети. Социјалното во песната е повеќе присутно како чувство отколку како нов израз, односно стилот на песната е целонсо во духот на народната експресија. Со други зборови, во оваа песна, социјалното е многу повеќе временување — многу повеќе во мотивот и во идејната карактериологија на мотивските содржини.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Димитар Митрев, „Лириката на Коле Неделковски“, во: Коле Неделковски, Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 24-25.