Митизација на реалноста

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Митизација на реалноста“ е збирка раскази, есеи и цртежи на полскиот писател Бруно Шулц, објавена од издавачката куќа „Бегемот“ во 2015 година. Збирката содржи раскази што не биле застапени во двете збирки на Шулц, а биле објавени во полските списанија во периодот 1934-1939 година.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата се состои од три дела: раскази; есеи, книжевни критики и писма; и цртежи на Бруно Шулц. Предговорот кон книгата, со наслов „Сонуваната реалност на Бруно Шулц“, го напишала Лидија Танушевска. Во збирката се содржани следниве раскази:[2]

  • Есен
  • Република на мечтите
  • Комета
  • Татковина

Во продолжение, книгата ги содржи следниве есеи, критики и писма:[3]

Најпосле, во третиот дел се ставени следниве цртежи на Шулц:[4]

  • Илустрација кон расказот „Пролетта“ од „Санаториумот во знакот на клепсидрата“
  • Илустрација кон расказот „Еѓо“ од „Санаториумот во знакот на клепсидрата“
  • Илустрација кон расказот „Санаториумот во знакот на клепсидрата“ од истоимената збирка
  • Илустрација кон расказот „Санаториумот во знакот на клепсидрата“ од истоимената збирка
  • Илустрација кон расказот „Опседнатост“ од „Продавниците со боја на цимет“
  • Во градината
  • Пролет
  • Автопортрет покрај бирото за цртање, 1919
  • Инфанта и џуџиња
  • Револуција во градот
  • Ундула на прошетка, 1919
  • Посвета, 1920
  • Пастуви и евнуси, 1920-1921
  • Автопортрет покрај штафелајот, 1920
  • Сузана и старците, 1920-1921
  • Ѕверки, Книга на идолопоклонството, 1920-1922
  • Ундула кај уметниците, Книга на идолопоклонството, 1920-1922
  • Маѓепсан град, Книга на идолопоклонството, 1920-1922
  • Ундула во ноќта, Книга на идолопоклонството, 1920-1922

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Книгата била објавена во рамки на едицијата „Ars magna“, а во тираж од 500 примероци. Преводот од полски јазик го направила Лидија Танушевска; ликовното уредување на книгата е дело на Бојан Димитриевиќ; а јазичната редакција ја направил Филип Димевски. Книгата била преведена со финансиска помош на Полската програма за преведување на Институтот за книжевност, а била испечатена во „Печатницата Наумовски“ од Скопје. Книгата, со димензии од 18 сантиметри и со обем од 146 страници, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4718-41-3.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015.
  2. Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015.
  3. Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015.
  4. Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015.
  5. Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015.