Хепатит А

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хепатит А
СинонимиИнфективен хепатитис
Jaundice eye.jpg
Жолтица предизвикана од хепатит А
СпецијалностИнфектологија, гастроентерологија
СимптомиНаузеа, повраќање, дијареа, темна боја на урината, жолтица, треска, абдоминална болка[1]
КомпликацииАкутна хепатална слабост[1]
Вообичаена појава2–6 недели после инфекција[2]
Времетраење8 недели[1]
ПричинителиХрана и вода контаминирани со фецес во кој се наоѓа Hepatovirus A[1]
Дијагностички методКрвни тестови[1]
ПревенцијаХепатитис A вакцина, хигиена на рацете, правилно готвење на храната[1][3]
ТретманСупортивна нега, трансплантација на црн дроб[1]
Фреквенција114 милиони симптоматски и асимптоматски (2015)[4]
Смртни случаи11,200[5]

Хепатитис A е инфективна болест на црниот дроб предизвикана од Hepatovirus A (HAV);[6] и претставува тип на вирусен хепатитис.[7] Поголем дел од случаите имаат малку или воопшто немаат симптоми, особено помладите.[1] Времето помеѓу инфекцијата и појава на симптомите, кај оние кои ги развиваат, вообичаено е 2–6 недели.[2] Кога ќе се појават симптомите, обично траат 8 недели и може да вклучуваат наузеа, повраќање, дијареа, жолтица, треска, и абдоминална болка.[1] Околу 10–15% имаат повторување на симптомите во текот на 6-те месеци после иницијалната инфекција.[1] Акутна хепатална слабост се случува ретко, и е почеста кај постарите.[1]

Вирусот вообичаено се пренесува преку храна и вода контаминирани со фецес во кој тој се наоѓа.[1] Недоволно зготвени или сирови школки се чест извор на вирусот.[8] Може да се пренесе и преку близок контакт со инфицирано лице.[1] Иако децата најчесто немаат симптоми кога се инфицирани, тие можат да ги инфицираат другите.[1] Имунитетот стекнат по прележано заболување е доживотен.[9] Дијагнозата се поставува врз основа на крвни тестови, бидејќи симптомите се слични со голем број на други болести.[1] Познати се пет вируси кои предизвикуваат хепатитис: A, B, C, D и E.

Вакцината против хепатитис А е ефикасна превентива.[1][3] Некои земји ја препорачуваат за рутинска примена кај деца и кај лица со повисок ризик кои претходно не биле вакцинирани.[1][10] Создава доживотен имунитет.[1] Други превентивни мерки вклучуваат хигиена на рацете и соодветно приготвување на храната.[1] Не е достапен специфичен третман, а лекови против наузеа или дијареа се препорачуваат по потреба.[1] Инфекцијата обично поминува целосно и без тековна хепатална болест.[1] Третманот на акутна хепатална слабост, доколку се случи, е со трансплантација на црниот дроб.[1]

На глобално ниво, околу 1.4 милиони симптоматски случаи се јавуваат секоја година[1] и околу 114 милиони инфекции (симптоматски и асимптоматски).[4] Почесто се јавува во региони со слаба санитација и каде што нема пристап до безбедна вода.[10] Во земјите во развој, околу 90% од децата се заразуваат до 10-годишна возраст, поради што се имуни во зрелоста.[10] Често се јавуваат епидемии во умерено развиените земји каде луѓето не се не се изложени во детството, а вакцинацијата не е широко распространета.[10] Акутниот хепатитис A резултирал со 11,200 смртни случаи во 2015.[5] Светскиот ден на хепатитисот се одбележува секоја година на 28 јули со цел да се подигне свесноста за вирусниот хепатитис.[10]

Што претставува Хепатит А (Жолтица)?[уреди | уреди извор]

Хепатит А е воспаление или отекување на црниот дроб.

Настанување на хепатит А

Етиологија[уреди | уреди извор]

Акутните вирусни хепатити се акутни вирусни заболувања предизвикани од акутни инфекции, предизвикани од специфични хепатотропни вируси, коишто предизвикуваат дифузно воспаление на црниот дроб. Тоа се група на заболувања кои се распространети низ целиот свет и имаат слични клинички, биолошки и морфолошки карактеристики. Најмалку пет од хепатотропните вируси причинуваат акутен вирусен хепатит кај луѓето: А, B, C, D и Е. Тие се добро карактеризирани и предизвикуваат околу 90% од акутните и 95% од хроничните вирусни хепатити (табела1). Други хепатити како што се F и G можат да бидат причинители на хепатит. При инфективна мононуклеоза, CMV, жолта треска и др. воспалениоето на црниот дроб не е единствена или основна појава на заболувањето. Вирусот на Hepatitis virosa acuta тип B припаѓа во Hepadnaviridae. Потполниот вирус е познат како Данеова партикула и има сферичен облик со големина од 42 nm. Геномот на вирусот претставува нуклеокапсид со шестоаголен облик во кој е содржана ДНК, а на нека ковалентно се врзани DNK полимераза и протеин киназа. Поседува обвивка со дебелина од 7 nm, која е составена од липиди, протеини и јагленохидрати. На 60 °C останува жив над четири часа. Данеовата партикула претставува комплетен вирус и е инфективна. Некомплетните партикули можат да се појават во крвта во облик на HbsAg во тубуларен или сферен облик и имаат големина од 16-25 nm. Врз основа на различните аминокиселини кои можат да бидат содржани во обвивката, идентификувани се неколку подтипови на овој антиген и тоа: adw, ayw, adr, ayr. Во јадрото на вирусот се наоѓаат два антигени а тие се: HbcAg и HbeAg. На овие антигени организмот создава соодветни антитела.

Епидемиологија[уреди | уреди извор]

Се јавува спорадично, нема сезонски карактер на јавување и најчесто се јавува на работни места со висок ризик, но во светот постојат подрачја каде што вирусот претставува постојано заболување. Вирусот на Хепатит Б во организмот влегува најчесто парентерално преку недоволно стерилни игли и прскалки, хирушки инструменти и апарати за хемодијализа. Извор на зараза се луѓе во чија крв се наоѓа вирусот. Извор на зараза можат да бидат и биолошките течности односно излачевини како што се (плунка, урина, млеко, сперма, вагинален секрет и фецес). Се пренесува преку давање на инјекции, при хируршки зафати и трансфузија на крв, преку микро повреди кај здравствени работници во лабораториите, одделите за трансфузија и хемодијализа. Исто така се пренесува и преку сексуален пат, преку приборот за лична хигиена (четка за заби, прибор за бричење и сл.), а тука треба да се напомене дека се пренесува и преку трансплацентарно (од мајката на бебето). Од ова заболување заболуваат сите луѓе без разлика на годините. Почесто заболуваат проститутки, хомосексуалци, лица со хронично заболување на црниот дроб или хепатит Ц ,затвореници и персонал во затвор ,лица со повеќе сексуални партнери хронични болни лица кои примаат цитостатици и кортикостероиди. Не се пренесува преку вода, храна и облека. Уметностана тетовирање и пирсинг носи свој ризик кој подразбира нарушување на еден од најзначајни одбранбени делови на човечкото тело-кожата. Доколку не се работи во соодветни услови опасноста не е никаков сомнеж да се добие сериозно заболување како што е Хепатит Б, но и многу други како што се:

При бременост, заради опструкцијата на фетусот врз хепарот и жолчните патишта, може да се јави физиолошка хипербилирубинемија. Иако вирусите на хепатит имаат тератогено дејство, акутните вирусни хепатити за време на бременост имаат потежок клинички тек и можат да предизвикаат ембриопатија или предвремено породување.

Инкубација[уреди | уреди извор]

Инкубацијата кај оваа болест се движи од 45 до 160 дена и повеќе.

Клиничка слика[уреди | уреди извор]

Акутниот хепатит Б е со релативно кусо траење, кој ретко се открива. Околку 50 до 70% од инфекциите се асимптоматични. 5% напредуваат во хроничен хепатит, цироза на црн дроб или примарен хепатоцелуларен карцином. Децата кои заболуваат од хепатит Б во најголем дел се асимптоматски, но кај нив стапката на развој на хроничен хепатититс Б е повисока од 95%. Хепатитот Б дава симптоми кои се слични на симптомите на грипот, а тоа се: зголемена телесна температура, треска, мачнина, гадење, замор, општа слабост, темна боја на урината и жолта боја на кожата и белките на очите. Сите деца кои се изложени на опасност да се разболат од жолтица – хепатит Б, треба да бидат заштитени од оваа болест. Во крајни случаи, хепатитот Б може да го уништи црниот дроб и да предизвика смрт. Активноста на трансаминазите (ензими на црниот дроб) се 10-30 пати над референтните вредности. HbsAg може да е детектибилен во крвта дури и во почетниот период.Од друга страна пак, многу луѓе можат да бидат заразени од вирусот и да го „носат“ во себе долго време, па дури и цел живот, а без да се свесни за тоа.Тоа што не постојат симптоми и знаци на инфекцијата со хепатит Б кај некои луѓе, не значи дека таа и не постои. Вирусот е присутен во организмот и тој предизвикува оштетување на црниот дроб, кое со тек на време доведува до развој на цироза, а цирозата, пак, е еден од факторите на ризик за настанување на ракот на црниот дроб. Според тоа, како фактор на ризик за настанување на примарниот рак на црниот дроб е и инфекцијата со вирусот на хепатитот Б. Значајно е и тоа што ова е заразно заболување, а тоа значи дека лесно може да се пренесе од болен на здрав човек. Луѓето кои се носители на вирусот на хепатитот Б може да заразат други здрави луѓе, иако самите не знаат дека се носители на вирусот.

Стадиуми кај вирусот на хепатит Б[уреди | уреди извор]

Кај ова заболување разликуваме три стадиуми, а тие се:

  • Предиктеричен

Честопати може да отсуствува, а обично трае 2 до 3 седмици, има постепен или незабележителен тек. Општиот инфективен синдром се манифестира со катарални симптоми на горните дишни патишта, малаксаност, адинамија, субфебрилна температура и миалгии и со дигестивни симптоми: намален апетит, гадење, повраќање, диареа и болки во епигастриум, кои се посебно изразени под десниот ребрен лак. Уште во овој стадиум мочката станува потемна, столицата посветла и се јавува жолтило (иктерус) на склерите на очите и слузниците, а таложењето и создавањето на имунолошките комплеки предизвикува артралгии, пруритус, оток на зглобовите и макулопапулозен исип по кожата.

  • Иктеричен

Во овој стадиум е иктерусот, односно жолтото пребојувањена кожата, склерите, мекото непце, лицето и трупот. Најинтензивен е во првите 10-15 дена, а во следните 3-4 недели се повлекува. Столицата е ахолична, мочката темна, а диурезата намалена. Доаѓа и до џепато и спленомегалија, при што хепарот е зголемен за 1–4 cm под десниот ребрен лак, мазен и со еластична конзистенција. Дигестивните тегоби од претходниот стадиум го губат својот интензитет и здравствената состојба на болните се подобрува. Жолтицата се одржува до 40 дена, ретко до 6 месеци или до 2 години.

  • Рековалесценција

Кај ова заболување рековалесценцијата трае 2-3 месеци. Во него симптомите се минимално изразени и најчесто болните се чувствуваат добро: се губи иктерусот од кожата и слузниците, се подобрува апетитот, диурезата се нормализира, мочката станува светла, столицата обоена, хепатомегалијата, финкционалните и биохемиските тестови се во регресија, иако уште извесно време покажуваат дискинетична функција на хепарот.

Клинички облици[уреди | уреди извор]

Има повеќе клинички облици кои се делат на: акутни, субакутни и хронични:

  • Акутните, во зависност од интензитетот на иктерусот, можат да бидат аниктерични, интерични и холестазни, а спрема тежината на болеста: лесни, тешки и фулминантни.
  • Хроничните се манифестираат како перзистентни и активни и се својствени а овој вид хепатит. Во популацијата се јавуваат и здрави носители на вирусот на хепатит тип Б.
  • Вирусоносителство, по прележувањето на вирусните хепатити тип Б, вирусот го напушта организмот за време од 3-6 месеци, од почетокот на болеста. Се смета дека тој временски период може да биде и продолжен до 9-12 месеци. Задржувањето на вирусот во организмот после тој период се смета за вирусоносителство и во организмот може да се задржи , без појава на клинички симптоми. Постојат и такви вирусоносители кои се здрави, кои не боледувале од хепатит Б односно немале симптоми.
  • Перинатална трансмисија од инфицирани мајки врз нивните новороденчиња. 35% од децата инфицирани со хепатит Б се на возраст од 0-4 години, развиваат хепатит, а 25% од децата со хроничен хепатит умираат прерано од тежок хепатит, цироза или рак на црниот дроб. Поради сето ова се јавија потребата од вакцина против хепатит Б вирусот. Тоа денес успешно се остварува со Engerix-B. Тоа е рекомбинантна вакцина против хепатит Б, добиена по пат на генетски инженеринг. Таа содржи високо прочистен HbsAg од површинскиот Ag на вирусот на Б хепатит.(за деца Engerix-B дозата е 0,5ml-содржи 10 mg прочистен HbsAg, а за возрасни дозата на Enegrix-B е 1ml-соджи 20 mg прочистен HbsAg). Вакцинацијата се извршува во три дози. Првата доза се дава веднаш по раѓањето I.m. Втората доза се дава после 1 месец од првата доза, а третата по 5 месеци т.е. на 6 месечна возраст. Според податоците оваа вакцина досега не дала никакви непожелни реакции и компликации. Оваа вакцина во Прилеп е започната да се користи од 2004 година.

Дијагноза[уреди | уреди извор]

Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика, епидемиололошките податоци и лабораторските испитувања.Лабораторските резултати покажуваат различни патолошки вредности кои се класифицираат во неколку синдроми:

  • синдром на билијарна ретенција, со зголемени вредности за уробилин, уробилиноген и билирубин во крвта.
  • синдром на цитолиза, со зголемени вредности на AST, ALT, алкална фосфатаза, LDH, алдолаза и други кои се одраз на некроза на хепатоцитите.
  • синдром на хепатална инсуфициенција со намалени вредности на албумини, фактори на коагулација, имуноглобулинска дисоцијација, фибриноген.

Терапија[уреди | уреди извор]

Лекувањето се состои од пет фази:

  • симптоматска терпија-во првите 10 дена, се ординираат раствори од 5 и 10% глукоза и витамини од групите Б и Ц, а истовремено по перорален пат во траење од 20-30 дена се примаат есенцијални аминокиселини и витамини од групата Б кои ја забрзуваат регенерацијата на хепатоцитите.
  • хигиенодиететски режим-се подразбира изолација, мирување и правилна исхрана.
  • изолација-во зависност од клиничката слика можат да се лекуваат во домашни услови или во инфективни одделенија, во изолациони оддели за вирусни хепатити.
  • мирување-болните треба да мируваат за цело време во акутната фаза на болеста, односно првите четири седмици. Тоа е период во којшто завршува некрозата на хепатоцитите во исто време се одвива регенерацијата. Со мирувањето се зголемува циркулацијата на крв во хепарот до 30%, потрошувачката на гликоген се намалува и се насочува кон анаболичките регенеративни процеси во хепарот. Во фазата на рековалесценција болните можат да се движат, но не смеат да се заморуваат. Отсуството од работа кај акутните вирусни хепатити трае, сè додека не се нормализира трансаминазната активност и изнесува 30- 60 дена.
  • исхрана-во предиктеричниот стадиум, кај болните се јавува анорексија(намален апетит). Треба да дава лесно сварлива храна со јаглехидрати: сокови, мед, млеко, кисело млеко, јогурт, младо сирење, пилешко месо, свежа риба, тестенини, леб, ориз, гриз. А забрането е да се конзумира: сувомеснти производи, свинско месо, мрсни чорби, колбаси, кајмак, ореви, бадеми и друга високо калорична храна и аклохол.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 1,20 1,21 1,22 Matheny, SC; Kingery, JE (1 December 2012). „Hepatitis A.“. Am Fam Physician. 86 (11): 1027–34, quiz 1010–1012. PMID 23198670. Архивирано од изворникот 9 March 2014.
  2. 2,0 2,1 Connor BA (2005). „Hepatitis A vaccine in the last-minute traveler“. Am. J. Med. 118 (Suppl 10A): 58S–62S. doi:10.1016/j.amjmed.2005.07.018. PMID 16271543.
  3. 3,0 3,1 Irving GJ, Holden J, Yang R, Pope D (2012). „Hepatitis A immunisation in persons not previously exposed to hepatitis A.“. Cochrane Database Syst Rev. 7 (7): CD009051. doi:10.1002/14651858.CD009051.pub2. PMC 6823267. PMID 22786522.
  4. 4,0 4,1 GBD 2015 Disease and Injury Incidence and Prevalence, Collaborators. (8 October 2016). „Global, regional, and national incidence, prevalence, and years lived with disability for 310 diseases and injuries, 1990-2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015“. The Lancet. 388 (10053): 1545–1602. doi:10.1016/S0140-6736(16)31678-6. PMC 5055577. PMID 27733282.
  5. 5,0 5,1 GBD 2015 Mortality and Causes of Death, Collaborators. (8 October 2016). „Global, regional, and national life expectancy, all-cause mortality, and cause-specific mortality for 249 causes of death, 1980-2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015“. The Lancet. 388 (10053): 1459–1544. doi:10.1016/s0140-6736(16)31012-1. PMC 5388903. PMID 27733281.
  6. Ryan KJ, Ray CG (editors) (2004). Sherris Medical Microbiology (изд. 4th.). McGraw Hill. стр. 541–4. ISBN 978-0-8385-8529-0.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  7. „Hepatitis MedlinePlus“. U.S. National Library of Medicine. Посетено на 2020-06-19.
  8. Bellou, M.; Kokkinos, P.; Vantarakis, A. (March 2013). „Shellfish-borne viral outbreaks: a systematic review“. Food Environ Virol. 5 (1): 13–23. doi:10.1007/s12560-012-9097-6. PMID 23412719. S2CID 16273385.
  9. The Encyclopedia of Hepatitis and Other Liver Diseases. Infobase. 2006. стр. 105. ISBN 9780816069903. Архивирано од изворникот 2017-09-08.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 „Hepatitis A Fact sheet N°328“. World Health Organization. July 2013. Архивирано од изворникот 21 February 2014. Посетено на 20 February 2014.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори