Цел за одржлив развој 5

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лого на ЦОР 5

Цел за одржлив развој 5 (скратено ЦОР 5) — петта од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел постигнување „родова еднаквост“. Официјалниот текст гласи: „да се постигне родова еднаквост и да се охрабрат жените и девојчињата“.[1][2]

ЦОР 5 се стреми да им обезбеди на жените и девојките еднакви права, можности да живеат слободно без дискриминација или каков било облик на насилство. Ова е во насока да се постигне родова еднаквост и да се ополномоштат сите жени и девојки. Целта има потцели коишто треба да бидат постигнати до 2030 година заради остварување одржлив развој.[3] Пандемијата на коронавирус силно ги погодила жените со оглед на тоа што се поранливи и имаат ограничен пристап до лекување.[4]

Родовата еднаквост до 2030 година побарува итна активност во насока на отстранување многу коренити причини за дискриминација коишто ги ограничуваат женските права во приватната и јавната сфера на живеење. Отстранувањето на насилството и силувањето по родова основа е приоритет имајќи предвид дека претставува нарушување на човековите права. Обврзаноста да се унапреди родовата еднаквост има предизвикано подобрувања во некои подрачја, но тезата за свет во којшто секоја жена и девојка уживаат целосна родова еднаквост сè уште потфрла.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Цели за одржлив развој“. Регионален центар за животна средина.
  2. United Nations (2017) Resolution adopted by the General Assembly on 6 July 2017, Work of the Statistical Commission pertaining to the 2030 Agenda for Sustainable Development (A/RES/71/313)
  3. United Nations (2015) Resolution adopted by the General Assembly on 25 September 2015, Transforming our world: the 2030 Agenda for Sustainable Development (A/RES/70/1)
  4. „sustainability“.
  5. „Transforming our world: the 2030 Agenda for Sustainable Development – Sustainable Development Knowledge Platform“. United Nations.