Цел за одржлив развој 9

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого на ЦОР 9

Цел за одржлив развој 9 (скратено ЦОР 9) — деветта од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел постигнување „иновативност и добра инфраструктура“. Официјалниот текст гласи „изградба на прилагодлива инфраструктура, промовирање на одржлива индустријализација и поттикнување на иновации“.[1] Целта се заснова на три столба: сеопфатна и одржлива индустријализација, создавање отпорна инфраструктура и поттикнување иновации. Таа има 8 потцели коишто треба да бидат постигнати до 2030 година, а напредокот кон нивното постигнување се мери со помош на 12 показатели. Целта има сложени меѓузависности со другите цели.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Цели за одржлив развој Архивирано на 18 јануари 2021 г.“. Регионален центар за животна средина.
  2. „Goal 9: Industry, Innovation and Infrastructure - SDG Tracker“. Our World in Data (англиски). Посетено на 25 септември 2020.