Економски и социјален совет на ООН
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Економскиот и социјален совет (ECOSOC) работи под авторитетот на Генералното собрание за да ја координира економската и социјална работа во ОН. ECOSOC има 54 земји членки избрани од Генералното собрание за мандат од 3 години. ECOSOC ги координира студиите и препораките и акциите за меѓународни теми како медицината, образованието, економските и социјални потреби. Ја набљудува работата на голем број програми и агенции. Оперира главно преку постојни комитети, функционални комисии и регионални комисии. Има 5 регионални комисии кои набљудуваат како работат заедно одредени комисии во еден регион. Има 9 функционални комисии кои расправаат за предмети како порастот на населението, трговијата со дрога, човековите права и статусот на жената. Други комитети работат на географските имиња, науката, јавните финансии итн. ECOSOC координира многу агенции кои имаат различни социјални економски и други услуги. Тие се независни но работат со други програми во ОН. Такви се Светската организација за здравје (WHO), Образовната, културна и научна организација на ОН (УНЕСКО) и др.
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Литература
[уреди | уреди извор]- Игор Јанев, International organizations and Integrations, pub. Institute of Political Studies, Belgrade, 2008, ISBN 978-86-7419-151-4
- Игор Јанев, Statutary order of International Organizations, Institute of Political Studies, Belgrade, 2009, ISBN 978-86-7419-191-0
|