Јанг (Гренадини)

Координати: 13°07′50″N 61°12′09″W / 13.13056° СГШ; 61.20250° ЗГД / 13.13056; -61.20250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Јанг
Young Island
Форт Дивернет и Јанг гледано од Калијакуа
Географија
МестоКарипско Море
Координати13°07′50″N 61°12′09″W / 13.13056° СГШ; 61.20250° ЗГД / 13.13056; -61.20250
Управување
Дополнителни податоци
Мреж. местоОстров Јанг
приватен остров


Јанг (англиски: Young Island) е најмал остров на Гренадините, дел од островската држава Свети Винцент и Гренадините. Островот се наоѓа јужно од островот Свети Винцент, со кој е одделен со канал кој е широк околу 180 метри. Името на островот потекнува од британскиот гувернер на Свети Винцент Сер Вилијам Јанг.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Јанг е дел од островската група Гренадини. Административно е дел од парохијата Сент Џорџ. Островот е на 180 метри јужно од Свети Винцент, на самиот влез на заливот Калијакуа. Островот е со вулканско потекло. На 55 метри јужно од Јанг се наоѓа Форт Дивернет, мала крепост од 18 век која се наоѓа на 60-метарска карпа.

Туризам[уреди | уреди извор]

Јанг е достапен по воден пат, односно има мал траект кој патува секојденвно до Свети Винцент и назад. Островот е во приватна сопственост. Во 1974 година започнала изградбата на луксузен ресорт за одммор. Денес овој ресорт има 29 т.н. колиби.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Young Island Internet Site“. Архивирано од изворникот на 2017-10-09. Посетено на 2020-03-25.
  2. „Young Island on the homepage of the St. Vincent Tourist Board“. Архивирано од изворникот на 2019-08-06. Посетено на 2020-03-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]