Балисо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Балисо
Balliceaux
Baliceaux2.jpg
Островот Балисо
Географија
МестоКарипско Море
Координати12°57′00″N 61°08′45″W / 12.95000° СГШ; 61.14583° ЗГД / 12.95000; -61.14583Координати: 12°57′00″N 61°08′45″W / 12.95000° СГШ; 61.14583° ЗГД / 12.95000; -61.14583
АрхипелагГренадини
Површина[1]
Највисока кота126 м., Ган Хил
Управување
Дополнителни податоци
Часовен појас
приватен
Културно обележје Балисо
МСЗП — Категорија III (споменик на природата)
Површина142,07 km2 (54,85 sq mi)
Воспоставен(а)proposed
Мрежна страницаBalliceaux Island in Saint Vincent and the Grenadines


Балисо (англиски: Baliceaux) е мал ненаселен остров во Карипското Море.

Географија[уреди | уреди извор]

Денес островот е приватен. Овој остров се наоѓа во Карипското Море, дел е од островската група Гренадини во островската држава Свети Винцент и Гренадини.[2] Островот е карпест, има и шумски предели. Крајбрежјето е карпесто и околу брегот има неколку карпи кои се издигнуваат од морето, особено во северниот и источниот дел на островот. Овој остров е во непосредна близина на островот Батовија, а помеѓу нив се наоѓа малото Чрч Ки.Јужно е малиот Ол Аваш Ајленд. Вкупната површина на островот е 1,35 километри квадратни.

Историја[уреди | уреди извор]

Овој остров од страна на Европејците бил откриен во 15 век, исто како и останатите Гренадини. Островот има интересна историја. Овој остров се стекнал со „слава“ за време на Првата и втората карипска војна, во периодот од 1769 до 1795 година. Бидејќи на островот се наоѓа највисоката точка од 126 метри, тој врв, „Ган Хил“, служел како опсерваторска станица на војници за време на војните.

Во 1790-те Британците казниле околу 5000 црнци-Карипци и ги испратиле на островов. Ова се случило по поразот на карипскиот водич Џозед Шатојер во Свети Винцент. Нивните потомци денес се познати како Гарифуанци и живеат покрај брегот на копнените средноамерикански држави, Белиз, Хондурас, Гватемала и Никарагва. Тие што починале на островот, а не успеале да се преселат во Средна Америка, биле закопани на островот. Со текот на времето, поради морето, местото на закопот еродирал и малку останало од гробиштата.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]