Тобаго (Гренадини)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Островчиња Тобаго
Tobago Cays
Поглед кон Тобаго
Поглед кон Тобаго
Географија
МестоКарипски Острови
Координати12°37.9′N 61°21.3′W / 12.6317° СГШ; 61.3550° ЗГД / 12.6317; -61.3550Координати: 12°37.9′N 61°21.3′W / 12.6317° СГШ; 61.3550° ЗГД / 12.6317; -61.3550
АрипелагТобаго
Вкупно острови5
Поголеми островиПетит Рамо, Петит Бато, Барадал, Петит Табак и Џејмсбај
Управување
Дополнителни податоци
Официјална мрежна странаThe official site of the Tobago Cays Marine Park


Островчиња Тобаго или Тобаго Кис (англиски: Tobago Cays) е мал архипелаг на островчиња, дел од островската група Гренадини во Свети Винцент и Гренадини. Тобаго е сèопфатен поим за пет островчиња и масивен гребен кој се наоѓа околу островчињата. Тобаго е составен од следните мали ненаселени островчиња: Петит Рамо, Петит Бато, Барадал, Петит Табак и Џејмсбај. Источно од Тобаго е малото островче Сејл Рок. Тобаго е популарна туристичка дестинација.

Тобаго е клучниот географски елемент на Морскиот парк Тобаго. Паркот е управуван и е во сопственост на владата на Свети Винцент и Гренадини. Морскиот парк има вкупна површина од 5.7 километри квадратни, кои опфаќаат лагуна, островчињата, населениот остров Меро и 4 километарскиот гребен Хорсшу. Овој парк бил на списокот на значајни регионални екосистеми во декември 2014 година.[1]

Најголемиот и најразвиениот корален гребен во Свети Винцент и Гренадини е во релативно плитка вода и истиот е околу островчињата Тобаго, Јунион и Меро. Островите се пошумени и суви, а единствените површини со вода се ризофорите во Петит Ремо и солените бари во Меро.

Геологија[уреди | уреди извор]

Гренадините се геолошки постари од Свети Винцент и се наоѓаат на големо плитко плато од вулканско потекло познато како Вулкански лак на Малите Антили. Островите се составени од различни вулкански и седиментни карпи. Островите се наоѓаат помеѓу Карипската и Јужноамериканската тектонска плоча. Северно од Гренада се наоѓа подводниот вулкан Кик Дем Џени. Ова плато има природни граници и западно и источно од Тобаго длабината наеднаш се зголемува.

Туризам[уреди | уреди извор]

Туризмот е главна економска активност во паркот. Околу 8000 јахти ги посетуваат островчињата секоја година. Нуркањето е главна активност помеѓу посетителите. Посетите најчесто се од ноември до април.

Поглед кон Тобаго Кис.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Parties decided to adopt the listing under SPAW of 13 additional protected areas at COP 8 - CAR-SPAW-RAC“. Regional Activity Centre for SPAW. SPAW-RAC. конс. 30 December 2015. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Cordice, K., 1998 (August). Tobago Cays Marine Park. Management Plan.
  • ECLAC, 2002. St. Vincent and the Grenadines, Evaluation of the Tobago Cays in Crisis. Caribbean Compass. January 2004
  • Espeut, P., 2006 (March). Opportunities for Sustainable Livelihoods in One Protected Area in Each of the Six Independent OECS Territories, for the OECS Protected Areas and Sustainable Livelihoods (OPAAL) Project. OECS Contract Number OECS/121/05. 160pp.
  • French Mission for Cooperation (FMC) and Fisheries Division (FD), St Vincent and the Grenadines, 1995.
  • Tobago Cays Marine Park Project. Reef Monitoring Programme. Evolution of the Tobago Cays Coral Reefs June 1994-January 1995.
  • French Mission for Cooperation (FMC), 1995 (December 1993, updated March 1995). Action Plan for the Tobago Cays National Marine Park.
  • Heyman, A.M., T.J. Reigert, A. Smith, T. Shallow and J.R. Clark, 1988. Project Proposal Development of the Tobago Cays National Park. Government of St Vincent and the Grenadines and Organisation of American States. 62pp. + Annexes 1-5
  • Mayreau Environmental Development Organization (MEDO), 2003 (Sept 19). A Management Proposal for the Tobago Cays Marine Park, St. Vincent and the Grenadines.
  • OPAAL, 2006 (August). The WWF-World Bank Alliance’s Scorecard to Assess Progress in Achieving Management Effectiveness Goals for MPAs adapted for PAs of the OECS. Presentation of the Score Card (SC).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]