Иразу (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иразу
Irazu Volcano.JPG
Кратерот на Иразу
Највисока точка
Надм. вис. 3432 м [1]
Координати 9°58′45″ СГШ 83°51′09″ ЗГД /  [1]
Географија
Геологија
Вид планина сложен вулкан стратовулкан
Последен избув декември 1994[1]

Иразу (шпански:Volcán Irazú) — активен вулкан кој се наоѓа во Костарика, во близина на градот Картаго. Во Костарика вулканот е познат под името „Ел Колосо“ поради катастрофите што ги предизвикал во минатото.

Самиот врв на вулканите има неколку кратери, од кои во едниот се наоѓа Диего де ла Хаја, зелено кратерско езеро со варијабилна длабочина. Со 11.260 стапки (3.432 метри), вулканот Иразу е највисок активен вулкан во Костарика[2]. До вулканот лесно може да се пристигне од Сан Хозе, преку патот кој води до кратерите на врвот и неделниот автобуски превоз до врвот. Иразу е популарно туристичко место. На врвот на вулканот, исто така, се сместени неколку телевизиски предаватели за телевизиски станици во Сан Хозе.

Од врвот е можно да се видат и Атлантскиот и Тихиот Океан кога небото е чисто[3]. Сепак, таквите јасни денови се ретки, а врвот на вулканот обично е покриен со облаци.

Вулканот е дел од Националниот парк Иразу, кој се протега низ 5,705 хектари. Националниот парк содржи основни и средни планински шуми и е дом на армадилоси, бувови, зајаци, лисици, глувци и колибри[4].

Геологија[уреди | уреди извор]

Вулканот Иразу е сложен штитест вулкан. Тој е највисокиот активен вулкан во Костарика, и има површина од 500 км2. Вулканот Иразу има неправилна подконструкција и температурите на врвот варираат помеѓу 3 и 17° C, со рекордна ниска температура од -6° C и рекордна висока температура од 23° C.

Вулканот Иразу има височина од 3.432 метри (11.260 стапки). Неговите пет кратери се лесно диференцирани. Најважните, поради нивната активност, се:

  • главниот кратер, кој е речиси кружен, има многу наклонети ѕидови и дијаметар од 1.050 метри и со длабчина од 300 метри. Овој кратер се наоѓа на североисточната страна на вуланот
  • Кратерот „Диего де ла Хаја Фернандес“, кој има 600 метри во дијаметар и со длабочина од 100 метри. Овој кратер се наоѓа на северно од купата и е издолжен кон исток.
  • Плаја Хермоса, кој се наоѓа на јужната страна со долга полурамна структура.

На југ од овие кратери и одделени од Плаја Хермоза, се наоѓаат остатоци од стара купа. На исток од Диего де ла Хаја има добро сочуван пирокластичен конус висок 80 метри, со кратер уништен на север. Овој конус е изграден на источната и јужната страна со остатоците од две кратери структури. Во источниот сектор има остатоци од стар конус. На североисточниот дел од главниот кратер има лавински текови. На југ од главниот врв се наоѓаат пирокластичките конуси Серо Ноче Буена, Серо Гурдијан, Серо Паски и комплексот Дусан-Кемадос.

Иразу е најјужниот од десетте квартерни вулкани кои ја формираат северозападна линија низ централна и северна Костарика. Радиоактивното датирање покажало возраст од најмалку 854.000 години, и со ерупција од пред 570.000 години. Најновата активност вклучува лавински текови, заедно со стромболска ерупција и фритомагматска ерупција. Типови на лава вклучуваат базалт и андезит, кои избиле за време на различни настани кои укажуваат дека вулканот се храни со две различни магматски комори. Научниците верувале дека пулсот на магмата се меша во комората пред да се искачи нагоре - процес што се проценува дека трае неколку илјади години. Но, вулканолозите од Универзитетот Колумбија откриле дека ерупцијата на вулканот Иразу во Костарика во 1963 година најверојатно била предизвикана од магмата која траела само неколку месеци.

Еруптивна историја[уреди | уреди извор]

Иразу еруптирал често во историски времиња - најмалку 23 пати од својата прва историска запишана ерупција во 1723 година[5]. Нејзината најпозната ерупција започнала на 19 март 1963 година (продолжила до 1965) на денот кога американскиот претседател Џон Ф. Кенеди започнал држава посета на Костарика.

Неговите историски ерупции обично имаат VEI од 1 до 3. Сите историски ерупции биле експлозивни, и имало многу извори на фреквенции, а некои произвеле пирокластични текови. Последната ерупција траела само 1 ден и се случила на 8 декември 1994 година. Се случила на отворен продор и била фрективна ерупција, која произведувала лахари.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Irazú“. Смитсонова установа. https://volcano.si.edu/world/volcano.cfm?vnum=1405-06%3D. посет. 11 март 2010 г.  (англиски)
  2. Stater, Adam. „Elevation of Irazu Volcano“. http://www.anywherecostarica.com/attractions/national-park/irazu-volcano. посет. 23 септември 2017 г. 
  3. Guillermo E. Alvarado, el. al. (2006). Recent volcanic history of Irazú volcano, Costa Rica: Alternation and mixing of two magma batches, and pervasive mixing (PDF). Geological Society of America. архивирано од изворникот на 6 декември 2010 г.. https://web.archive.org/web/20101206132105/http://www.rci.rutgers.edu/~carr/Alv%20Irazu.pdf. посет. 23 септември 2017 г. 
  4. Stater, Adam. „Irazu Volcano National Park“. http://www.anywherecostarica.com/attractions/national-park/irazu-volcano. посет. 23 септември 2017 г. 
  5. „Irazú: Eruptive History“. Смитсонова установа. https://volcano.si.edu/world/volcano.cfm?vnum=1405-06%3D%26volpage%3Derupt.  (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]