Костарикански дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на шпанските дијалекти во Латинска Америка. Боите означуваат употреба на лични заменки за второ лице, еднина и множина.

Костариканскиот дијалект е форма на шпанскиот јазик кој се зборува во Костарика.

Фонетика[уреди | уреди извор]

Костариканскиот дијалект е карактеристичен по тоа што голем број Костариканци буквата „r“ не ја изговараат според стандардниот шпанскиот изговор (како македонската „р“), туку ја изговараат како што се изговара во англискиот јазиик.

Лични заменки за еднина[уреди | уреди извор]

Usted[уреди | уреди извор]

„Usted“ (ти) е доминантна заменка која се користи за второ лице еднина. Некои говорници ја кориостат „usted“, а при тоа не ја користат „vos“ или „tu“.

Vos[уреди | уреди извор]

„Vos“ е заменка за второ лице еднина која ја користат за обраќање кон лица кои се познати или при неформален разгвоор. Заменката „Voseo“ најчесто се користи во универзитетите и од страна на студентите. Понекогаш возрасните користат „vos“ кога се обраќаат кон деца, но најчесто се користи „usted“.

[уреди | уреди извор]

„Tú“ не се користи во костариканскиот дијалект. Сепак, поради влијанието од Мексико, Костариканците ја препознаваат заменката „tuteo“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]