Википедија (англиски: Wikipedia) — семрежнаенциклопедија со слободна содржина отворена за читање и менување. Таа има изданија на преку различни јазици спонзорирани од страна на непрофитната Фондацијата Викимедија. Информациите поврзани со традиционални енциклопедиски теми стојат напоредно со теми од алманаси, газети и актуелни настани. Целта на Википедија е да создаде „свет во којшто секој поединец има слободен пристап до сумата на севкупното човечко знаење.“ Википедија е едно од најпопуларните референтни места на Мрежата, примајќи околу 50 милиони погодоци на ден.
Името е кованица од хавајскиот збор „вики“ (wiki), што значи „брзо“, а бил присвоен да опише еден вид на соработен програм и зборот „енциклопедија“.