Јазици во Белорусија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Белорусија Јазици во Белорусија Белорусија
Официјален јазикбелоруски јазик, руски јазик
Малцински јазикполски јазик, украински јазик
Демографија на Белорусија

Јазиците во Белорусија е поим со кој се опфаќаат сите живи и знаковни јазици кои се зборуваат/ користат на територијата на Република Белорусија. Белорусија е официјално двојазична држава, што значи има два официјални јазика: белоруски јазик и руски јазик. Според уставот на Белорусија се гарантира зачувување на културното наследство на сите етнички малцинства во државата, вклучувајќи ги и нивните јазици. Најголеми малцински јазици се полскиот јазик и украинскиот јазик.

Статистика[уреди | уреди извор]

Иако доминантна етничка група во Белорусија се Белорусите, сепак доминантен јазик во државата е рускиот. За домашна употреба, околу 70% од населението на државата зборува руски (според пописот од 2009). Меѓу самите Белоруси, околу 70% од нив зборуваат руски. Исто така и Украинците и Евреите воглавно зборуваат руски. Од другата страна пак, Полјаците по дома воглавнио зборуваат белоруски (околу 41%), остатокот од Полјаците зборуваат руски и само 0.01% од нив зборуваат полски.[1]

Јазик кој се зборува по дома, % од населението на дадената етничка група[2]
етничка група население белоруски руски
вкупно 9.503.807 23.4 70.2
Белоруси 7.957.252 26.1 69.8
Руси 785.084 2.1 96.5
Полјаци 294.549 40.9 50.9
Украинци 158.723 6.1 88.4
Евреи 12.926 2.0 95.9
Белешка: Сите останати јазици кои се зборуваат во државата, а не се наведени во табелата, се зборуваат од население помалку од 10.000.

Официјални јазици[уреди | уреди извор]

Белоруски јазик[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Белоруски јазик.

Белорускиот јазик (кирилица: беларуская мова, латиница: biełaruskaja mova) или поретко именуван како белорутенски јазик, е источнословенски јазик и мајчин јазик на Белорусите. Белорускиот јазик е официјален јазик во Белорусија, каде се наоѓаат најголемиот број белоруски говорници, но јазикот се зборува и во Русија, Полска, Украина и меѓу останати белоруски заедници во дијаспората.[3] Белорускиот јазик се служи со белоруската азбука која е базирана на кирилицата, но јазикот може да се пишува и со латиничната белоруска азбука. Овој јазик го зборуваат од 4 до 9 милиони жители во светот. Белорускиот јазик споделува јазични карактеристики со рускиот и украинскиот јазик.

Според пописот во Белорусија од 1999 година, белорускиот јазик е „јазик кој се зборува дома“ од околу 3.686.000 белоруски граѓани или 36.7% од вкупното население.[4] Според истиот попис, 85.6% или 6.984.0000 од Белорусите се изјасниле дека белорускиот им е мајчин јазик. Според други извори, 6.715.000 луѓе во Белорусија и 9.081.102 во остатокот од светот зборуваат белоруски.[5] Според истражување извршено од белоруската влада во 2009 година, 72% од Белорусите зборуваат руски по дома, додека белорускиот се зборува од само 11.9%. Според истото истражување, 29.4% од Белорусите можат да пишуваат, читаат и зборуваат белоруски, додека остатокот можат само на читаат и зборуваат белоруски.

Руски јазик[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Руски јазик.

Рускиот јазик (руски: русский язык) е еден од најраспространетите јазици во Европа и најраширениот од сите словенски јазици.

Рускиот јазик припаѓа на групата на индоевропските јазици, па затоа е поврзан со санскритот, грчкиот и латинскиот јазик, како и со современите германски јазици, романски јазици и келтски јазици, вклучувајќи го и англискиот, францускиот и ирскиот јазик. Пишани извори на руски јазик се најдени од X век.

Иако тој има зачувано од неговата синтетичко-нефлексионална структура и од заедничката словенска зборовна база, современиот руски јазик има влијанија од меѓународниот речник на политиката, науката и технологијата. Како јазик со големо политичко значење, рускиот е еден од официјалните јазици во ОН. Иако меѓународниот престиж на јазикот опадна по распадот на Советскиот Сојуз, позициите на рускиот јазик како лингва франка во источна Европа и северна Азија се засилени.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]