Криптограм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пример на криптограм чие дешифрирање ја открива реченицата „Style and structure are the essence of a book; great ideas are hogwash.“ (македонски: „Стилот и структурата се суштината на една книга; големите идеи се бесмислица.“) од Владимир Набоков.

Криптограм — вид загатка којашто се состои од краток шифриран текст.[1] Обично, шифрата која се користи за шифрирање на текстот е доволно едноставна за да овозможи рачно решавање на криптограмот, а често се користат и заменлви шифри кои овозможуваат замена на секоја буква со друга буква или број согласно одредено правило. Понекогаш се користат и други видови шифри за создавање на криптограми, како што се книжните шифри кај кои се користат книги или статии за шифрирање на пораки. Решавањето на загатката се состои од одгатнување на текст со помош на расфрланите букви на почетокот.

Примена[уреди | уреди извор]

Во минатото, криптограмите имале сериозна примена во областа на криптографијата, но во поново време тие главно се среќаваат во весници и списанија како содржина за разонода.

Со називот „Криптограм“ е именуван и часописот на Американското криптографско здружение, којшто содржи криптографски загатки.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Danesi, Marcel (22 September 2010). „Cryptograms and the Allure of Secret Codes“. Psychology Today. Посетено на 17 ноември 2019.