Темпо

Од Википедија — слободната енциклопедија

Темпо[1] — израз во музиката за да се опише брзината, а често и начинот на кој изведувачот треба да го изведе музичкото дело или некој дел од композицијата. По правило, ознаките за темпото се бележат нaд петтолинието и директно на местото каде што започнува нивниот ефект.

Обележување и читање[уреди | уреди извор]

Ознаката за темпото е претставена преку италијански збор или термин, кој ја опишува брзината и начинот на изведување. Дури и не многу искусен музичар има претстава за брзината со која треба да се изведе музичкото дело, засновано врз самиот збор, и тоа чувство се продлабочува и се подобрува со понатамошно искуство. Начинот за одредување на темпото е да се одреди бројот на oтчукувања што треба да поминат за една минута. Ова обично се означува со записот „ознака на единица мерка = број на единица мерка во минута“ во загради, по горенаведениот збор на италијански. Пример: За прецизно почитување на темпото, најчесто се користи уред наречен метроном.

Знаци за темпо[уреди | уреди извор]

По правило ознаките за темпото се бележат лево во најгорниот дел, над петтолинието, но, може да се најдат и на други делови од музичкото дело каде што е потребно. Некои од ознаките се следниве:

  • andante-средно (76-108bpm)
  • adagio-бавно со голема експресија (66-76bpm)
  • allegro-брзо (124-156bpm)
  • presto-брзо,многу брзо (160-200 bpm)
  • moderato-умерено (108-120bpm)
  • largo-бавно и широко (40-60bpm)
  • grave-многу бавно (25-45 bpm)

Наводи[уреди | уреди извор]