Прејди на содржината

Паскал Паскалевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Паскал Паскалевски
Роден 14 јануари 1914
Долени, Егејска Македонија
Починал 13 мај 2004
Софија, Бугарија

Паскал Паскалевски (14 јануари 1914 - 13 мај 2004) — македонски поет, драмски автор, собирач на народни песни, преведувач и публицист.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Паскал е роден во село Долени, Костурско, Егејска Македонија на 14 јануари 1914 година. Учесник во Граѓанската војна во Грција (1945-1949). Бил директор на курсот „Гоце Делчев“ за народни учители во слободна Преспа. По војната работел како професионален новинар во Македонија, Полска и Бугарија. Покренал и уредувал повеќе весници и списанија - „Непокорен“, „Нова Македонка“, „Билтен“ и „Единство“. Бил уредник и водител на часот по македонски јазик на Радио Варшава и соработник на весникот „Демократија“. Прогонуван и затворан во Грција, Македонија, Полска и Бугарија. Член на ДПМ од 1997 година. Автор е на книгите: Пролет над Егеј (поезија, 1949), Шест сонети (1958), Народни песни од Егејска Македонија (1959), Пролет над Егеј (собрано дело, 1997).

  • Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје 2009, стр. 1119-1120
  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 194.