Непокорен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Непокорен бил македонски весник, орган на Главниот одбор на НОФ, на македонски јазик кој се издавал во Грција. Го издавал Главниот оддел за агитација и пропаганда на НОФ, а главен уредник бил Павле Раковски. Првин бил умножуван на шапирограф, а потоа во печатницата на НОФ. Меѓу другото, имал и рубрики „Наша поезија„ и „Историја на јазикот и литературата“. Бил користен и во новоотворените училишта на македонски јазик. Извесен период издавал и „Билтен“ за операциите на ДАГ. Весникот се издавал во периодот од 1 мај 1947 до август 1949 година[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885 - 1992), Скопје, 1993, 147