Џони Хогерланд
Хогерланд на Тур де л’Ен 2011 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Прекар | Бикот од Бевеланд, Хулиган | ||
Роден | 13 мај 1983 Јерсеке, Холандија | ||
Висина | 1,79 м | ||
Маса | 70 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | Панчер | ||
Аматерски клубови | |||
2003 | Квик Степ-Давитамон | ||
Професионални клубови | |||
2004–2005 2006 2007–2008 2009–2013 2014 2015-2016 | Ван Хермет-Еурогифтс Џартази-7Мобајл Ван Влит-ЕБХ Адвокатен Вакансолел Андрони Џокатоли-Венецуела Ромпот | ||
Значајни победи | |||
|
Џони Хогерланд (холандски: Johnny Hoogerland; р. 13 мај 1983) — поранешен холандски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2004-2016 година.
Поради познатата тетоважа од бик на неговата рака и неговото потекло од полуостровот Зејд-Бевеланд го има добиено прекарот „Бикот од Бевеланд“.[1][2] Има углед на агресивен возач, кој сака да учествува во долги бегства.[3] Негова најголема победа е освојувањето на генералниот пласман на Три дена Западна Фландрија во 2009, каде освоил една етапа.[4]
Кариера
[уреди | уреди извор]Во 2009, Хогерланд го освоил Три дена околу Западна Фландрија.[5] Тој завршил на 12. место на Трката околу Фландрија и во генералниот пласман на Вуелта.[6] Тој бил највисоко пласиран Холанѓанец во машката друмска трка на Светското првенство 2009, завршувајќи на 14. место.[7]
На Тур де Франс 2011 Хогерланд ја носел планинската маичка на шестата етапа. Откако ја изгубил на осмата етапа, тој повторно успеал да ја поврати на деветтата етапа. Во истата етапа, тој потоа бил инволвиран во драматична несреќа заедно со возачот од тимот Тим Скај Хуан Антонио Флеча (со кого заедно бил во бегство), откако Флеча бил удрен од автомобилот на Француската телевизија, предизвикувајќи Хогерланд да заврши во бодликавата жичена ограда. И покрај длабоките исеченици на неговиот грб, добивајќи 33 шава,[8] Хогерланд ја завршил етапа, губејќи скоро 17 минути како последица на несреќата.[9] Заеднички на Флеча и Хогерланд им била доделена наградата за издржливост за тој ден.[10]
На почетокот на февруари 2013, Хогерланд се судрил со автомобил додека тренирал во Шпанија, подготвувајќи се за Средоземната трка.[3] Тој бил примен во болница и било објавено дека имал пет скршени ребра, проблеми со црниот дроб и скршен пршлен во неговиот ’рберт. Се верувало дека ќе ја пропушти целата сезона на класиците.[11] На 23 јуни 2013 неочекувано го освоил државното првенство на Холандија.
Хогерланд му се приклучил на Андрони Џокатоли-Венецуела за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа, Вакансолел-ДКМ[12], се распаднала на крајот на сезоната 2013.[13]
Во август 2014 година, Хогерланд бил најавен како прв член на новата холандска професионална континентална екипа Ромпот Оранџ Сајклинг Тим, подготвена за настап во сезоната 2015.[14][15]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2001
- 1 јуниорска Трка околу Фландрија
- 2003
- 8. Краен пласман Трка Олимпија
- 2004
- 1. Етапа 2 Рубан Гранитие Бретон
- 2005
- 2. Париз-Рубе под 23 години
- 3. Брисел-Ингоигем
- 7. ГП Џеф Шеренс
- 8. Краен пласман Трка Олимпија
- 2006
- 10. Ронде ван Дренте
- 2007
- 2. Друвенкурс Оверејсе
- 8. Краен пласман Трка околу Словачка
- 1. Етапа 2
- 2008
- 1. Етапа 3 Класико Сиклистико Банфоандес
- 3. Краен пласман Трка Олимпија
- 3. Краен пласман Рингерика ГП
- 3. Друвенкурс Оверејсе
- 4. Краен пласман Тур де Бретања
- 4. Вламсе Пејл
- 4. Хел ван хет Мергеланд
- 5. Краен пласман Тур де Норманди
- 6. Краен пласман Трка околу Хокаидо
- 6. Ронде ван Дренте
- 7. Шал Селс-Мерксем
- 2009
- 1. Краен пласман Три дена во Западна Фландрија
- 1. Етапа 1
- 4. Краен пласман Етоал де Бесеже
- 5. Гран при д’Увертур ла Марселеза
- 5. Џиро ди Ломбардија
- 8. Трка околу Франкфурт
- 12. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 14. Светско друмско првенство UCI
- 2010
- Трка околу Полска
- 2. Гран при д’Увертур ла Марселеза
- 3. Краен пласман Средоземна трка
- 4. Друвенкурс Оверејсе
- 5. Краен пласман Трка околу Британија
- 6. Хале-Ингоигем
- 2011
- 3. Краен пласман Етоал де Бесеже
- 4. Брабант Пејл
- Тур де Франс
- 2012
- 3. Друвенкурс Оверејсе
- 5. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 7. Краен пласман Вуелта а Мурсија
- 8. ГП де Валони
- 8. Бинше-Турне-Бинше
- 9. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 2013
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Амстел Курасао Рејс
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | 58 | — | — | 105 | — | — |
Тур | — | — | 74 | 57 | 101 | — | — | — |
Вуелта | 12 | — | — | — | СО | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Вилијам Фотерингем (14 септември 2010). „Мајкл Албасини на Трката околу Британија ќе го предводи водството на Vacansoleil“. The Guardian. Посетено на 18 август 2011.
- ↑ „Musical tribute to Johnny "B. Goode" Hoogerland“. ad.nl (холандски). AD Nieuwsmedia BV. 13 јули 2011. Посетено на 18 август 2011.
- ↑ 3,0 3,1 „Џони Хогерланд примен во болница откако беше удрен во тренинг“. VeloNation. Velo Nation LLC. 3 февруари 2013. Посетено на 4 февруари 2013.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеbig win
. - ↑ „Hoogerland wins West Flanders, Weylandt takes stage“. Wielerupdate (холандски). 8 март 2009. Архивирано од изворникот на 2012-03-23. Посетено на 18 август 2011.
- ↑ „Хогерланд импресионира на неговото деби во Гранд Тур“. Cyclingnews.com. Посетено на 21 октомври 2000. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Ричард Тајлер (8 октомври 2009). „Хогерланд изгубил дел од неговата форма“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 18 август 2011.
- ↑ Жилиен Прето (10 јули 2011). „возачи на Тур де Франс повредени по небезбедно возење“. National Post. Postmedia Network Inc. Посетено на 18 август 2011.
- ↑ „Етапа 9 – Исоар до Сен Флор – Поредок по етапата“. LeTour.fr. Amaury Sport Organisation. 10 јули 2011. Посетено на 18 август 2011.
- ↑ Брехт Декалуве (10 јули 2011). „Хогерланд е среќен што е жив по несреќата во етапата 9“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 18 август 2011.
- ↑ Шејн Стоукс (4 февруари 2013). „Hoogerland injuries updated, also diagnosed with back fractures and bruising to his liver“. VeloNation. Velo Nation LLC. Посетено на 4 февруари 2013.
- ↑ јануари 2013&MenuId=MTY2Njk&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTY2Njk%26LangId%3D1 „Вакансолел-ДКМ Про Сајклинг Тим (VCD) – NED“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Посетено на 16 јануари 2013.[мртва врска] - ↑ Фаранд, Стивен (25 октомври 2013). „Хогерланд потпиша со Андрони Џокатоли за 2014“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 21 декември 2013.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/orange-cycling-secure-two-year-sponsorship-from-roompot-vakanties
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/hoogerland-becomes-first-rider-to-sign-for-roompot-orange
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Џони Хогерланд“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Џони Хогерланд“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Џони Хогерланд“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Џони Хогерланд“. ProCycling.
Спортски позиции | ||
---|---|---|
Претходник Ники Терпстра |
Национален друмски првак 2013 |
Наследник Себастијан Лангевелд |