Александар Лазаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Д-р Александар Лазаров (27 јануари 1920 во Кавадарци10 јануари 1990 во Скопје) ― Гинеколог-акушер, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, долгогодишен директор на Гинеколошката клиника во Скопје и еден од првите стручњаци на гинекологијата во Македонија. Учесник во НОБ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Медицински факултет завршил во Белград (1948), а специјализирал гинекологија и акушерство (1953) во Белград и Скопје. Се усовршувал во повеќе центри, особено во Германија. Основоположник е на оперативната гинекологија во РМ и образовал повеќе генерации лекари-гинеколози. Бил директор на Гинеколошко-акушерската клиника (1975-1983). Објавил над 250 научни и стручни трудови.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 784. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)