Олег Дерипаска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Олег Дерипаска
Oleg V. Deripaska - World Economic Forum Annual Meeting 2011.jpg
Роден2 јануари 1968
Ѕержинск, Нижегородска област, СССР
ЖивеалиштеМосква, Русија
Алма матерМосковскиот државен универзитет Михаил Ломоносов
ЗанимањеБазик елемент
Лично богатство US$16.8 billion (2011)[1]
Сопружник/циПолина
Страница
Базик Елемент, Плег Дерипаска

Олег Дерипаска (руски: Олег Владимирович Дерипаска) е руски милијардер.

Дерипаска е роден на 2 јануари 1968 во Ѕержинск, Нижегородска област. Неговиот татко починал кога имал четири години, и затоа тој бил одгледан од страна на неговите баба и дедо. Завршил на Московскиот државен универзитет Михаил Ломоносов по физика во 1993 година. Во 1996 година завршил економска академија во Г.В. Плеханов. Од 1994 до 1997 година бил генерален директор на металуршкото претпријатие Сајаногорск, а од 1997 до 2001 бил претседател на Сибирска алумииј. Во 1999 година бил награден со орден од страна на претседателот Борис Елцин.

Дерипаска е оженет за ќерката на Валентин Јумашев, шеф на претседателската администрација на Елцин.

Дерипаска е мнозински сопственик на РУСАЛ, односно руска компанија за алуминиум. Се смета дека е еден од најблиските до Владимир Путин од руските олигарси. Според списанието Times, неговото богатство се проценува околу 14,5 милијарди американски долари, како најбогат човек во Русија, заедно со Роман Абрамович.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.