Роман Абрамович

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роман Абрамович
Роман Аркадьевич Абрамович
Абрамович во 2008
Роден(а) 24 октомври 1966
Саратов СССР
Живеалиште Москва, Русија
Националност  Русија  Обединето Кралство
Народност Руски евреин
Занимање бизнисмен, политичар
Претходник Александар Назаров
Наследник Роман Копин[1]
Сопружник Олга Лисова
Ирина Маландина
Партнер Даша Жукова
Деца шест

Роман Абрамович (руски: Роман Аркадьевич Абрамович, роден на 24 октомври 1966 година) е руски бизнисмен и главен сопственик на компанијата Millhouse Capital.

Во 2003 година, Абрамович бил прогласен за личност на годината од страна на Експерт, руски бизнис магазин. Тој ја поделил оваа титула со Михаил Ходорковски. Абрамович е познат надвор од Русија како сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, како и за неговата поширока вклученост во европскиот фудбал.

Абрамович во моментов е деветтиот најбогат човек во Русија и 53 најбогат човек во светот, според Форбс листа во 2011 година, со проценета богатство на 13.4 милијарди долари.

Рани години[уреди | уреди извор]

Роман Абрамович е роден на 24 октомври 1966 година од мајка Ирена и татко Аркадиј, еврејски Украинци кои живееле во Сјактјавкарм, забранетиот главен град на Република Коми, во Сибир. Ги загубил своите родители уште пред да маполни три години. Неговата мајка починела од сепса по еден абортус а татко му паднал од кран на градилиште. Роман бил посвоен од страна на неговиот вујко Либ и од неговата сопруга Људмила, поранешна победничка на избор за убавица. Семејството живеело во индустриското градче Укта, каде што Либ бил одговорен за набавки во претпријатието за граѓа во државна сопственост. Роман уживал во релативно поволни услови за растење и развој.

Во 1974 година Роман се преселил во Москва и живеел кај неговиот вујко Абрам, раководител во градежништво, кој станал негов сурогат-татко. Иако живеел во мал двособен стан, тој сепак се наоѓал со центарот на Москва. Роман не се истакнувал со голем успех во училиштето. Во 1983 година Абрамович бил повикан да го отслужи воениот рок во Црвената армија и бил распореден во артилериска единица во Кирзак, 80 километри североисточно од Москва.

Бизнис кариера[уреди | уреди извор]

Кога Абрамович го завршил воениот рок, тој студирал на градежниот факултет, отсек нискоградба, а потоа и се вратил на втората економија: пренесување на луксузни стоки, како цигари, парфеми и фармерки. Во 1987 година, Роман ја запознал својата прва сопруга Олга Лисова, ќерка на висок владин дипломат. Во 1988 година Роман основал фабрики за играчки, вклучувајќи и пластични патики, кои главно ги продавал по улците на Москва. Исто така започнал да се занимава и со препродажба на гуми.

Во 1989 година Роман се развел од својата прва сопруга, а една година подоцна се оженил за Ирина Маландина, стјуардеса во Аерофлот. Се запознале во текот на еден од неговите деловни патувања, а во 1992 година им се родила ќерка.

По распаѓањето на Советскиот Сојуз, Абрамович кој редовно бил ангажиран во Институтот за нафта и гас Губкин во Москва, формирал фирма за трговија со нафта под име АБК, со седиште во Омск, центарот на бизнисот со сибирската нафта. Неговата трговија со нафта ги направил на Абрамович почетните подвизи кон богатството.

Пријателството со Березовски[уреди | уреди извор]

Пријателството со Борис Березовски му овозможило на Роман Абрамович да се трансформира од ситен трговен со нафта во милијардер. За прв пат со Березовски се сретнале во 1994 година. Детектирајќи го како комерцијален талент, Березовски го регрутирал како клучен партнер во зделката со Сибнефт. Задачата на Абрамович била да изврши деловен потенцијал на Сибнефт. Така кон крајот на 1995 година, 49% од компанијата биле продадени на Абрамович, Березовски и Патаркатсишвили. Останатите 51% требало да останат на државата во следните три години, а за тоа време на заемодавците им било дозволено да управуваат со компанијата. Според планот, доколку заемот не биде отплатен, тогаш законската сопственост ќе премине во сопственост на заемодавците, како што се случило подоцна.

Стекнувањето на Сибнефт[уреди | уреди извор]

До 1995 година тројцата партнери се стекнале со гигантската нафтена компанија Сибнефт. Сибнефт осигурувала проход од околу 3 милијарди долари годишно. Во времето кога ја купиле компанијата таа вредела околу 200.000, за да подоцна вреди седумдесетипет пати повеќе.

По бегањето на Березовски во Лондон, Роман Абрамович му понудил да ги продаде своите акции во телевизијата. Според кажувањата на Березовски, суштината на преговорите била судбината на Николај Глушков кој бил приведен на 7 декември 2000 година и одржувал казна затвор поради проневера при неговото менаџирање со Аерофлот. Според него, Абрамович му понудил спогодба според која доколку тој си ги продаде акциите од ОРТ, Глушков ќе биде пуштен од затвор. Според кажувањата на Абрамович пак, на тој состанок сакал единствено и само да му помогне на неговиот некогашен пријател, на негово барање, да ги продаде акциите. Како и да е, акциите биле продадени преку адвокатот Стивен Кертис, кој подоцна починал во хеликоптерска несреќа. И покрај тоа што акциите биле продадени, Березовски не бил задоволен од договорот бидејќи добил премалку пари и бидејќи Глушков не бил ослободен од затвор. На тој начин телевизијата на некој начин била повторно национализирана.

По ова, следувало и продавањето на уделот на Березовски во Сибнефт исто така на Абрамович. До август 2001 година, 250 милиони фунти има биле префрлени на Березовски и неговиот партнер Патаркатсишвили.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Во 1999 година, Абрамович бил избран за член на државната Дума како претставник од Чукотски автономен округ, еден од најсиромашните региони на далечниот руски исток. Наредната 2000 година бил избран за гувернер на Чукотка. На таа позиција останал до 2008 година. Се смета дека во тој регион Абрамович инвестирал € 925,000,000, кој регион денеска има една од највисоките стапки на наталитет во Русија. Според Абрамович, животниот стандард се подобрил, училиштата и домовите биле обновени и имало доста нови инвестиции во регионот. Во 2005 година Абрамович изјавил дека нема да се кандитира за повторен избор, но Владимир Путин го променил законот за избор на регионалните гувернери, па така Абрамович повторно бил избран за уште еден мандат.

Абрамович добил Орден на честа за неговиот огромен придонес во економскиот развој на регионот, со декрет потпишан од самиот Владимир Путин.

Во почетокот на јули 2008 година било објавено дека новиот претседател Дмитриј Медведев ја профатил неговата оставка од функцијата гувернер на автономната област. Во периодот од 2000-2006 просекот на платите во Чукотка се зголемил од околу $ 165 (117 € / £ 100) месечно во 2000 година на $ 826 (588 € / £ 500) месечно во 2006 година.

Абрамович и фудбалот[уреди | уреди извор]

Во јуни 2003 година, Абрамович станал сопственик на англискиот фудбалски клуб Челзи од Лондон. Поранешен сопственик на клубот бил Кен Бејтс, кој тогаш го купил ФК Лидс Јунајтед. По купувањето, клубот започнал со амбициозна програма на комерцијален развој, со цел да го претвори во светски бренд. Во времето кога Абрамович го купил ФК Челзи, тогаш биле потрошени дури 100 милиони фунти на нови играчи, но Раниери не бил веќе способен за нови освојувања, па затоа бил заменат со португалскиот селектор Жозе Мурињо. Набрзо Мурињо освоил две лигашки и една купска победа на островот.

Се смета дека со вклучувањето на Абрамович во фудбалот, трансферниот пазар значително се променил бидејќи неговото богатство му овозможувало да купи играчи буквално по желба. Како пример за ова бил трансферот на Андриј Шевченко од Милан во висина од £ 30.000.000. Сепак, во јуни 2005 година, Челзи бил исправен пред рекордни загуби од £ 140,000,000.

Во март 2004 година, Сибнефт се договорил за три години спонзорство во вредност од 41.300.000 € (US $ 58.000.000) со рускиот тим ФК ЦСКА Москва. Иако компанијата објасни дека одлуката била донесена на ниво на управување, некои сметаат дека договорот бил обид на Абрамович да се спротивстави на обвинувањата дека не бил патриот бидејќи го купил Челзи. Според правилата на УЕФА, една личност нема право да биде сопственик на два клуба, па Абрамович нема директен капитал во ЦСКА.

Абрамович исто така, одиграл голема улога во донесувањето на Гус Хидинк во Русија за селектор на Рускиот национален фудбалски тим.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Роман Абрамович подал в отставку, Mass Media, 03.07.2008 Архивирано на 15 февруари 2011 на WebCite