Густав Влахов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Густав Влахов (Истанбул, 18 септември 1912 - Белград, 16 јануари 1991), македонски револуционер, политички работник, дипломат и носител на „Партизанска споменица 1941“.

Густав Влахов е син на македонскиот револуционер Димитар Влахов, кој имаше големо влијание Густав рано да се вклучи во револуционерното движење. Член е на КПЈ од 1933 година. Во текот на Втората светска војна Густав Влахов учествува во редовите на Црвената армија при одбраната на Москва, вршејќи разни одговорни воени должности.

По ослободувањето врши одговорни должности во Македонија и во федералните органи на СФРЈ. Југословенски амбасадор е во Пакистан од 1957 до 1961 година, во Костарика од 1959 до 1964 година, во Мексико од 1961 до 1966 година, кога бил акредитиран и во Хондурас 1962-1965 година и во Панама 1963-1969 година, како и во Австрија 1973-1977 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]