Олга Милосавлева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Олга Милосавлева (Тетово, 14 септември 1935 - Скопје, 16 јануари 1997) била македонска балерина, кореограф и педагог[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Милосавлева е родена во Тетово на 14 септември 1935 година. Завршила Средно балетско училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. Ѝ припаѓа на првата балетска генерација во современа Македонија. Била член на Балетот при МНТ (1949-1976). Имала изразит танцов темперамент, сценски шарм и смисла за драматуршко оформување на улогата. Со кореографија почнала да се занимава од 1958 година. Таа е една од најплодните македонски кореографи. Најмногу работела врз домашното музичко-балетско творештво со национален, современ и модерен израз.

Улоги
  • Гитана (М. Равел, „Болеро“),
  • Канделас (М. Равел, „Љубовта волшебница“),
  • Воденичарка (М. де Фалја, „Трирогата шапка“) и др.
Кореографии
  • Лабин и Дојрана“ (Т.Прокопиев),
  • „Дубровничка легенда“ (Љ. Бранџолица),
  • „Македонска повест“ (Гл. Смокварски) и др.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Boris Višinski, Pero Korobar (1966). 20 godini obrazovanie, kultura i nauka vo SR Makedonija. Nova Makedonija.