Прејди на содржината

Северен Повратник

Координати: 23°26′16″N 0°0′0″W / 23.43778°N -0.00000°E / 23.43778; -0.00000 (Нулти меридијан)
Од Википедија — слободната енциклопедија

23°26′16″N 0°0′0″W / 23.43778°N -0.00000°E / 23.43778; -0.00000 (Нулти меридијан)

Северниот Повратник на карта на светот.

Северен Повратник (наречен и Раков Повратник) — замислена кружница на најсеверната географска должина на Земјата на која Сонцето може да дојде нормално на Земјината површина, во зенитот. Оваа појава се јавува при јунскиот сонцестој, кога северната полутопка е во најголема мера наклонета кон Сонцето. На јужната полутопка кружницата што доаѓа нормално на површината се нарекува Јужен Повратник.

Овие кружници се две од петте напоредници што стојат на картите на светот (другите се Северниот Поларник, Јужниот Поларник и екваторот). Положбата на овие напоредници (освен екваторот) зависи од осниот наклон во однос на орбиталната рамнина.

Повратникот се нарекува и „Раков Повратник“ поради фактот што во времето на неговото именување Сонцето било во соѕвездието Рак за време на јунскиот сонцестој. Денес сонцето во ова време од годината се јавува во соѕвездието Бик. Промената се должи на појавата наречена прецесија на рамнодениците.

Географија

[уреди | уреди извор]
Знаци на автопатот Сарагоса-Викторија во Мексико што ја означуваат положбата на Северниот Повратник за секоја година од 2005 до 2010.

Моментално (епоха 2011) Северниот Повратник лежи 23° 26′ 16″ северно од екваторот.[1] Положбата на повратникот не е постојана, туку се поместува на југ со стапка од речиси половина секунда (0,47″ или 15 метри) годишно. Во 1917 г. повратникот се наоѓал точно на 23° 27' СГШ.[2]

На север од повратникот се наоѓаат суптропите и северниот умерен појас. Еквивалентната замислена кружница јужно од екваторот се нарекува Јужен Повратник, а подрачјето помеѓу нив (со екваторот во средина) се нарекува тропски појас.

Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, Јужниот Повратник минува низ следниве места:

Координати Земја, територија, море Белешки
23°26′N 0°0′E / 23.433°N 0.000°E / 23.433; 0.000 (Нулти меридијан)  Алжир
23°26′N 11°51′E / 23.433°N 11.850°E / 23.433; 11.850 (Нигер)  Нигер
23°26′N 12°17′E / 23.433°N 12.283°E / 23.433; 12.283 (Либија)  Либија повратникот го допира најсверната точка на Чад во 23°26′N 15°59′E / 23.433°N 15.983°E / 23.433; 15.983 (Најсеверна точка на Чад)
23°26′N 25°0′E / 23.433°N 25.000°E / 23.433; 25.000 (Египет) Египет Египет
23°26′N 35°30′E / 23.433°N 35.500°E / 23.433; 35.500 (Црвено Море) Црвено Море
23°26′N 38°38′E / 23.433°N 38.633°E / 23.433; 38.633 (Саудиска Арабија)  Саудиска Арабија
23°26′N 52°8′E / 23.433°N 52.133°E / 23.433; 52.133 (Обединети Арапски Емирати)  ОАР само емиратот Абу Даби
23°26′N 55°24′E / 23.433°N 55.400°E / 23.433; 55.400 (Оман)  Оман
23°26′N 58°46′E / 23.433°N 58.767°E / 23.433; 58.767 (Индиски Океан) Индиски Океан Арапско Море
23°26′N 68°23′E / 23.433°N 68.383°E / 23.433; 68.383 (Индија) Индија Индија сојузните држави Гуџарат, Раџастан, Мадја Прадеш, Чатисгар, Џарканд и Западен Бенгал
23°26′N 88°47′E / 23.433°N 88.783°E / 23.433; 88.783 (Бангладеш)  Бангладеш одделите Кулна, Дака и Читагонг
23°26′N 91°14′E / 23.433°N 91.233°E / 23.433; 91.233 (Индија) Индија Индија сојузната држава Трипура
23°26′N 91°56′E / 23.433°N 91.933°E / 23.433; 91.933 (Бангладеш)  Бангладеш одделот Читагонг
23°26′N 92°19′E / 23.433°N 92.317°E / 23.433; 92.317 (Индија) Индија Индија сојузната држава Мизорам
23°26′N 93°23′E / 23.433°N 93.383°E / 23.433; 93.383 (Мјанмар)  Бурма сој. држава Чин, окрузите Сагаин и Мандалеј и сој. држава Шан
23°26′N 98°54′E / 23.433°N 98.900°E / 23.433; 98.900 (Кина) Народна Република Кина НР Кина покраините Јинан (минува околу 7 км северно од границата со  Виетнам), Гуангсји и Гуангдунг
23°26′N 117°8′E / 23.433°N 117.133°E / 23.433; 117.133 (Тајвански Проток) Тајвански Проток
23°26′N 120°8′E / 23.433°N 120.133°E / 23.433; 120.133 (Тајван)  Тајван окрузите Чиаји и Хуалиен
23°26′N 121°29′E / 23.433°N 121.483°E / 23.433; 121.483 (Тихи Океан) Тихи Океан минува веднаш јужно од островот Некер, Хаваи,  САД
23°26′N 110°15′W / 23.433°N 110.250°W / 23.433; -110.250 (Мексико)  Мексико сојузната држава Јужна Долна Калифорнија
23°26′N 109°24′W / 23.433°N 109.400°W / 23.433; -109.400 (Калифорниски Залив) Калифорниски Залив
23°26′N 106°35′W / 23.433°N 106.583°W / 23.433; -106.583 (Мексико)  Мексико сојузните држави Синалоа, Дуранго, Закатекас, Сан Луис Потоси, Нов Леон и Тамаулипас
23°26′N 97°45′W / 23.433°N 97.750°W / 23.433; -97.750 (Мексикански Залив) Мексикански Залив
23°26′N 83°0′W / 23.433°N 83.000°W / 23.433; -83.000 (Атлантски Океан) Атлантски Океан минува низ Флоридскиот Проток и каналот Свети Никола
минува веднаш јужно од Ангвилски Насипи ( Бахами)
минува низ каналот Сантарен и во отворено море
23°26′N 76°0′W / 23.433°N 76.000°W / 23.433; -76.000 (Бахами)  Бахами архипелагот Ексума и островот Лонг Ајленд
23°26′N 75°10′W / 23.433°N 75.167°W / 23.433; -75.167 (Атлантски Океан) Атлантски Океан
23°26′N 15°57′W / 23.433°N 15.950°W / 23.433; -15.950 (Западна Сахара) Западна Сахара полага право Мароко Мароко
23°26′N 12°0′W / 23.433°N 12.000°W / 23.433; -12.000 (Мавританија)  Мавританија
23°26′N 6°23′W / 23.433°N 6.383°W / 23.433; -6.383 (Мали)  Мали
23°26′N 2°23′W / 23.433°N 2.383°W / 23.433; -2.383 (Алжир)  Алжир

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Повратник во движење[мртва врска] (шпански)
  2. Миланковиќевите циклуси и глацијацијата Архивирано на 6 август 2011 г. - Државен унверзитет на Монтана (англиски)