Ношак

Координати: 36°25′54″N 71°49′42″E / 36.43167° СГШ; 71.82833° ИГД / 36.43167; 71.82833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ношак
نوشاخ
Највисока точка
Надм. вис.7.492 м
Истакнатост2.024 м
Координати36°25′54″N 71°49′42″E / 36.43167° СГШ; 71.82833° ИГД / 36.43167; 71.82833
Географија
Ношак на карта

Карта

Местоавганистанаско-пакистанска граница
ЗемјаАвганистан, Пакистан
ПокраиниБадахшан, Авганистан
Хајбер Пахтунхва, Пакистан
Матичен венецХиндукуш
Искачување
Прво освојување1960 г. од Тошијаки Сакај и Горо Ивацубо (Јапонија)
Најлесен патискачување по ледник/снег

Ношак (дари: نوشاخ) — највисока планина во Авганистан и втора по висина од венецот Хиндукуш со 7.492 м (највисок е Тиричмир). Лежи на границата помеѓу Авганистан и Пакистан. Северната и западната страна на планината се во Авганистан (неговиот северисточен агол), а јужната и источната во Пакистан. Ова е најзападниот врв на светот повисок од 7.000 метри. Најлесниот пристап за искачување е од Вахан во Авганистан.

Историја на искачување[уреди | уреди извор]

Главниот дел на Ношак е првпат освоен од јапонска експедиција во 1960 г. под водство на Јаџиро Сакато[1][2] заедно со колегите Горо Ивацубо и Тошијаки Сакај. Ова искачување го следело вообичаениот авганистански приод — западниот срт од ледникот Казидех.

Источниот, средишниот и западниот дел се првпат искачени во 1963 г. од австриските планинари Гералд Грубер и Рудолф Пишенгер.

Академскиот високогорски клуб од Инсбрук, Австрија го извел првиот скијачки спуст од Ношак во 1970 г.[3] Во екипата бил и познатиот метеоролог Карл Габл.[4]

Првото зимско искачување е направено на 13 февруари 1973 г. од Тадеуш Пјотрувски и Анджеј Завада од Полска, изведено од северната страна. Ова било првото зимско искачување во светот на врв повисок од 7.000 метри. Досега останува единственото зимско осовојување на оваа планина.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Japanese team
  2. „The HJ/22/19 ASCENT OF NOSHAQ“. The HJ/22/19 ASCENT OF NOSHAQ. Посетено на 8 септември 2023.
  3. America Alpine Journal: Noshaq Ski Expedition
  4. Ulrich Schwabe: Noshaq on skis
  5. „Asia, Pakistani-Afghan Frontier Area, Noshaq, First Winter Ascent“. American Alpine Club. 1974.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]