Тиричмир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тиричмир
Тирих Мир, највисоката планина од опсегот на Хиндукус (7,708 м). 2012 година
Највисока точка
Надм. вис.7.708 м 
33-та во светот
Истакнатост3.098 м 
30-та во светот
Заведена какоултра
Географија
Тиричмир на карта

Карта

Место Пакистан
Матичен венецХиндукуш
Искачување
Прво освојување1950
Најлесен патледници/снег/мраз

Тиричмир (урду: ترچ میر) е највисоката планина во венецот Хиндукуш и највисока сво светот вон масивот Хималаи-Каракорум. Се наоѓа во покраината Хајбер Пахтунхва, Пакистан, недалеку од границата со Авганистан. Планината е првпат искачена од норвешка експедиција во состав А. Нес, П. Квернберг, Х. Берг и Т. Стрејтер. Планината се издига над градот Читрал, но се гледа и од Авганистан.

Највисокото населено место по планината е Тирич во долината Мулхау, чие население говори ховарски јазик. Селаните работат како туристички водачи и носачи, но не одат до врвот на планината.

Име[уреди | уреди извор]

Постојат две претпоставки за потеклото на името „Тиричмир“. Според едната, ова значи „кралот на Тирич“, со тоа што Тирич е странична долина што се издава од долината Мулхау. Друга претпоставка дека е името да потекнува од ваханските зборови „тирич“ (сенка, темнина) и „мир“ (крал), т.е. „крал на темнината“, што може да се однесува на долгите сенки што ги фрла планината од страната на Вахан.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]