Хујтен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хујтен
Хүйтэн оргил
Ukok Plateau 2.jpg
Висорамнината Укок на Хујтен
Највисока точка
Надм. вис.4.374 м [1]
Истакнатост2.342 м [2]
Географија
Местограница КинаМонголија
Матичен венецТаван Богд
Монголско-Алтајски Планини

Хујтен (монголски: Хүйтэн оргил, букв. „студен врв“) — највисок врв во Монголија, на западниот крај на земјата, по границата со Кина. Висок е 4.374 м и трајно покриен со снег.

Во минатото се нарекувал „Врв на Пријателството“ или Најрамдал (Найрамдал Уул) на монголски или Јоуји-фенг (友谊峰) на кинески.[4]

Ова е еден од петте врва на планината Таван Богд. Околу 2,5 км северно од Хујтен е сместен друг врв, кој ја бележи тромеѓата помеѓу Русија, Монголија и Кина; овој врв исто така се нарекува Таван Богд (руски: Таван-Богдо-Ула, монголски: Таван Богд Уул) или Кујтун (кинески: 奎屯山, Кујтун-шан).[5][6][7]

Врвот е првпат освоен во 1963 г. од монголски планинари поддржани со државни средства.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Tavan Bogd Uul, Mongolia/China“. Peakbagger.com.  (англиски)
  2. "China II: Sinkiang - Xinjiang" Ultra-Prominence Page Listed here as "Nayramadlin Orgil". Peaklist.org. посет. 1 февруари 2012 г
  3. Карти на Гугл
  4. Погл. на пр. индексот во Krumwiede и др. 2014; или пак советската Топокарта М45-104, размер: 1:100.000, каде името Најрамдал (г. Найрамдал) се однесува на врв со висина од 4.374 м. Највисокиот врв се нарекува Најрамдал во Chistyakov & Ganiushkin 2015, стр. 209
  5. 中华人民共和国和俄罗斯联邦关于中俄国界西段的协定, 3 септември 1994
  6. ПРОТОКОЛ-ОПИСАНИЕ ТОЧКИ ЗАПАДНОГО СТЫКА ГОСУДАРСТВЕННЫХ ГРАНИЦ ТРЕХ ГОСУДАРСТВ МЕЖДУ ПРАВИТЕЛЬСТВОМ Российской Федерации, ПРАВИТЕЛЬСТВОМ МОНГОЛИИ и ПРАВИТЕЛЬСТВОМ КИТАЙСКОЙ НАРОДНОЙ РЕСПУБЛИКИ (ПОДПИСАН в г. ПЕКИНЕ 24.06.1996)
  7. Соглашение между Правительством Российской Федерации, Правительством Китайской Народной Республики и Правительством Монголии об определении точек стыков государственных границ трех государств (Заключено в г. Улан-Баторе 27 января 1994 года)

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]